ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 4
- Зошто ако
ставиме на усните зелен лист од некое дрво или цвеќе и нагло го вдишиме
воздухот листот ќе се испокине?
- Зошто гумените
црева преку кои се извлекува воздухот од некој простор се прават со дебели
ѕидови?
- Зошто тешко се
одлепуваат од стаклото на прозорецот фатените парчиња мраз и како започнува
нивното растопување?
- Зошто тешко се
пие од шише, кога отворот е цврсто прилепен за усните?
- За да истече
мирисот низ тесниот отвор на шишето треба да се затресе. Зошто?
- Поради што со
одењето во височина, атмосферскиот притисок се намалува?
- Зошто на човек
качен на голема височина може да му потече крв од нос?
- Зошто воените
пилоти што летаат на голема височина, носат скафандери?
- Зошто просторот
во кој се сместени патниците и екипажот во авионите што летаат на голема височина
мора да биде херметички затворен?
- Зошто ѕидовите
на внатрешните органи на рибите што живеат на големите морски длабочини кога
ќе се извадат на површината пукаат?
- По кое основно
својство се разликуваат гасовите од течностите?
- Надуен гумен
балон може да се сплеска со раце. Кое својство на гасот во балонот при тоа
доаѓа до израз?
- Кога ќе биде
поголем притисокот во гумите на тркалата од велосипедот – Кога се возиш на
него или кога го туркаш?
- Дали подеднакво
ќе се промени притисокот на воздухот на воздухот во надуен гумен душек ако
човек застане на него или ако легне на душекот?
- Која е причината
што гасот во балонот со качување во височина го зголемува својот волумен?
- Ако отворот низ
кој е наполнето буре со вино добро се затвори
и се пушти вино низ затката ќе се забележи по извесно време дека од затката
ќе престане да тече вино и покрај тоа што во бурето има вино. Зошто?
- Објасни на кој
принцип работат машините за молзење млеко?
- Објасни на кој
принцип правосмукалката го смука правот и другите ситни предмети од
местото што го чистиме.
- Објасни поради
што вакум – закачалките се залепуваат на стакло или на друга мазна
површина кога ќе ги притиснеме.
- Дали се менува
густината на гасот ако се менува неговиот волумен?
- Определено
количество кислород во челични шишиња за оксигено заварување е збиен под
висок притисок. Дали при тоа се менуваат масата, тежината и густината на
кислородот?
- Објасни на кој
принцип работи права пипета.
- Објасни на кој
принцип работи шприцот за инекции.
- Зошто хартиените
отпадоци се поткреваат кога преку нив помине автомобил со голема брзина?
- Кога дуваме низ
отвор на калем од конец а од другата страна бавно доближуваме лист од
хартија, тој се налепува на калемот. Зошто?
- Зошто клинецот
на крајот со кој влегува е
изострен, а на крајот на кој се удира има проширување (глава)?
- Зошто тракторот
има пошироки гуми од патничкото возило?
- На што се должи
разликата при пренесување притисок кај цврстите, течните и гасовитите
тела?
- Зошто завртката
полесно ја одвртуваме со клуч отколку со раката?
- Кога со ножици
за сечење метал сечеме подебела жица ја местиме поблиску до оската на
ножиците. Зошто?
- Зошто полесно се
крши подолга прачка отколку покуса?
- Кога триењето е
штетно, а кога полезно?
- При зачукување
на шајка, обично малку ја навлажнуваме. Зошто?
- Наведи неколку
примери од секојдневието во кои се исполува инерција.
- Надуван детски
балон, чиј отвор сме го стиснале со прстите а потоа сме го пуштиле ќе се
придвижи. Како ја објаснуваш оваа појава?
- Како можеме да го
застанеме телото што се движи а како можеме да му ја зголемиме брзината?
- Што се случува
со автомобилот кога наеднаш ќе го сопреме?
- Како зависи
забрзувањето на едно тело од големината на силата што дејствува на него?
Објасни.
- Зошто широките
ремени на ранецот помалку пропаѓаат во рамињата на човекот од што ако тие
се заменат со тенки јажиња?
- Зошто темелите
на зградите се прават широки?
- По асфалтните
патишта забрането е движењето на запрежни коли со дрвени тркала чија
периферија е опшиена со железни обрачи.
Овие коли треба да имаат автомобилски тркала со широки гуми. Зошто?
- Зошто потешко се
излегува на брег од полесен чамец
отколку од тежок, кога тие се
наоѓаат на исто растојание од брегот?
- Зошто при
стрелање со пушка, кундакот цврсто се држи до рамото?
Нема коментара:
Постави коментар