АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

уторак, 26. фебруар 2013.

Вовед во органска хемија и алкани

Вовед во органска хемија и  алкани

   Прашања и задачи:

1.    Што се органски соединенија?

2.    Напиши ги можните начини на поврзување на четирите јаглеродни атоми во отворена и затворена низа.

3.    Што се јаглеводороди?

4.    Нацртај идејна мапа за поделба на јаглеводородите според структурната низа.

5.    По што се разликуваат два последователни алкани?

6.    За алканот со шес  јаглеродни атоми напиши: А) молекулска формула, Б) можни структурни формули, В) имињата на соединенијата претставени со структурните формули.

7.    Еден алкан има температура на топење од -94ºС, а на вриење 69ºС. Во каква агрегатна состојба е овој алкан на собна температура.

8.    Напиши ги равенките на реакциите на супституција меѓу пропан и хлор, при кои се добива монохлоропропан.

9.    Напиши ги молекулските, рационалните и структурните формули на: а) пентан   б) 2,2 диметилпропан    в) 2,4 диметилпентан  г) 3 метилхексан

10. Што е изомерија?

11. Кои од следниве соединенија се органски:  CH4, HCl, H2SO4, C2H6

12. Даденa е следнa рационалнa формулa: CH3 — CH2 — CH2 — CH3          

претстави ја како молекулска и структурна формула.

13. Името на еден алкан е 2,3 диметилпентан . Напиши ја неговата рационална формула.

14. Напиши ја равенката на горење на пропан.

15. Што е хомологија?

16. Колку молови јаглерод диоксид ќе се добијат при согорување на 40 грами метан?

17. Напиши ги равенките на реакциите на супституција меѓу пропан и хлор, при кои се добива дихлоропропан.

18. Напиши ги молекулските, рационалните и структурните гормули на: а) пентан   б) 2,2 диметилбутан    в) 2,4 диметилхексан  г) 3 метилпентан

19. За алканот со пет  јаглеродни атоми напиши: А) молекулска формула, Б) можни структурни формули, В) имињата на соединенијата претставени со структурните формули.

20.  Како се поделени органските соединенија ( според кои критериуми)?

Нема коментара:

Постави коментар