АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

уторак, 27. мај 2014.

ГОДИШЕН ТЕСТ ЗА 8 – ДЕВЕТОЛЕТКА




ГОДИШЕН ТЕСТ ЗА 8 – ДЕВЕТОЛЕТКА                  

Прашања и задачи:

1.  Како се изразува мерната единица 1W? _______ .

2.  Најситна честица на супстанцијата која ги има нејзините својства се вика ________ .

3.  Нормалната температура на човечкото тело е 37 °С. Колкава е оваа температура изразена во К (келвини )   ____ .

4.  Колкава е гравитациско потенцијалната енергија на топка со маса од 5 g кога се наоѓа на висина од 10 m?  ____.

5.  Мерка за инертност на едно тело e _____ .

6.  Во хидрауличната турбина за време од 1s паѓа 4 m3 вода од висина 25 m. Густината на водата е 1000 kg/m3. Колкава е моќноста на водниот ток?   (g=9,81 m/s2) _______ .

7.  Моќноста може да ја претставиме и како производ на две физички величини ______ .

8.  Изрази во литри 0,5m3 ________________________ .

9.  Линијата што ги поврзува сите точки низ кои минува телото при движењето се вика  _____ .

10. Ако две спајалици имаат маса од 1 грам,  колку спајалици има во пакување од 1 килограм?___ .

11. Ако телото се движи со брзина од 18 km/h, тогаш колкава е неговата брзина изразена воm/s___ .

12. Одредено количество течност претураме од помала во поголема мензура.  Што ќе се промени кај течноста? ____ .

13. Ако вложената работа е 10 J, а се добила работа од 7 J, тогаш коефициентот на полезно дејство е _____  .

14. Во затворени гасови и течности дејството на надворешниот притисок се пренесува ______ .

15. Причина за промена на брзината на некое тело по големина и насока, е  ______ .

16.Од два другари кои извршуваат иста работа, поголема моќност има оној кој работата ќе ја изврш ______ .

17.Тежиштето на тело представува нападна точка на _______ .

18.Тело А се движи со брзина 36 km/h, а друго тело Б со брзина од 10 m/s. Спореди ги брзините на двете тела. ______ .

19. Каде е најтопло во загреана просторија? ____ .

20. Зошто бетонот и железото може да се леат заедно и да се добива армиран бетон? _____ .

21. Израз за забрзување кај рамномерното забрзано движење е a = Δv/Δt. Што представува ознаката Δv _____ .

22.Телото во однос на кои го разгледуваме движењето на други тела се вика  _______ .

23. При слободно паѓање, забрзувањето за сите тела е ________ .

24. При фрлање на топка во воздух, качувајќи се вертикално нагоре ѝ се зголемува _____ .

25. Според видот на траекторијата, движењата можат да бидат _______ .

понедељак, 26. мај 2014.

ГОДИШЕН ТЕСТ ПО ФИЗИКА ЗА 8 – ОСМОЛЕТКА



ГОДИШЕН  ТЕСТ  ПО  ФИЗИКА  
ЗА  8 – ОСМОЛЕТКА                          

Прашања и задачи:

1. Галванометарот е инструмент кој мери ____________________________.

2. Јачината на звукот при нормален разговор изнесува приближно _____.

3. Ако брзината со која се движи бранот е 10 m/s, а периодот на осцилирање е 10 s,тогаш брановата должина изнесува __________________.

4. Разложувањето на светлината, кога таа минува низ оптичка призма се вика _____________ .

5. Затемнувањето на Сонцето настанува кога Месечината се наоѓа ______________________ .

6. Комутаторот кај електромоторот служи за _____ .

7. Која е причината за разложување на белата светлина?  __________________________________ .

8. Заемното дејство на наелектризираните тела се одвива во одреден простор кој се вика ________ .

9. Магнетната сила со која магнетното поле дејствува на спроводникот се вика ________________ .

10. Електрична струја кај металите претставува ___________________________________________ .

11. Во Европа обично се користи наизменична електрична струја со фреквенција од ________ .

12.Како ќе се промени падот на напонот U ако отпорот R се зголеми 3 пати? _______________ .

13. Ако леќата е подебела на средината, а потенка на краевите тогаш таа се вика ______________ .

14. Насоката на индуцираната струја се определува со _________________________________ .

15. Јачината на леќа со фокусно растојание 5 cm изнесува ______________________________ .

16. Ако на еден магнет му се скрши северниот пол тогаш _______________________________ .    

17. Ако извршената работа на електричната струја се пресметува по формулата А = U · I · t,  тогаш времето ќе се пресмета по формулата _________ .
 
18. Имагинарен фокус е карактеристичен за ___________________________________________ .

19. Ако релативниот индекс на прекршување на светлината на првата средина во однос на втората

изнесува n1/2=2, а брзината на светлината во првата оптичка средина  c1 = 60km/s, тогаш брзината  на светлината во втората оптичка средина c2 изнесува ___________ .

20. Може ли упадниот агол кај рамно огледало да биде поголем од 90о ? _____________ .

21. Каков распоред имаат силовите линии кај прав проводник? _______________________ .

22. Човечкото срце може да ја прекине својата работа ако низ него помине струја со јачина од _____ .

23. Колку пати во 4 секунди индуцираниот напон има вредност нула?     ___________________ .

24. Алтернаторот е________________________ .

25. Основна причина за прекршување на светлинатата е:  ____________________________ .