АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

петак, 13. децембар 2013.

Движење и сили - тест

ГРУПА - 1
Прашања и задачи:

1.  Движењата според изгледот на патеката се делат на:2/

2.  Што е сила?1/

3.  Дефинирај рамномерно забрзано движење.1/

4.  Дали брзината е наполно определена со нејзината бројна вредност? Објасни.2/

5. Како гласи третиот Њутнов закон? 1/

6. Што е инерција?1/

7. При рамномерно забрзано движење брзината на телото на крајот од втората секунда е 5 m/s, а на крајот од четвртата секунда е 8 m/s. Одреди го забрзувањето на тоа тело.4/

8. Звукот на грмотевицата сте го слушнале 12 секунди откако сте ја виделе молњата. На која оддалеченост настанала молњата ако брзината на звукот е 340 m/s?4/





ГРУПА – 2

Прашања и задачи:

1. Динамометар служи за ...1/

2. Што е механичко движење?1/

3. Забрзувањето е обратнопропорционално со ..1/

4. Какво движење претставува слободното паѓање?

5.  Која е разликата помеѓу изминатиот пат и траекторија? 2/

6. Како гласи првиот Њутнов закон?2/ 
7. При кочење на воз неговото успорување е 2,5 m/s2 и застанал по 8 s. Колкава била брзината пред да кочи?4/
 
8. Еден пешак за време од 20 s поминал 15 m, а за наредните 30s поминал уште 60 m.  Со колкава средна брзина се движел пешакот? 4/



1.1 Топче се движи со забрзување од 0,16 метри во секунда за секунда. Колкава е брзината на топчето, ако поминало 0,5 метри?4/

1.2  При рамномерно забрзано движење брзината на телото на крајот од втората секунда е 5 m/s, а накрајот од петтата секунда е 10 m/s. Одреди го забрзувањето на тоа тело.4/


2.1 Велосипедист за 15 s изминал 200 m. За колку време ќе ги измине наредните 120 m движејќи се со иста брзина?4/

2.2 Одреди ја длабочината на бунарот ако камен паѓа на површината на водата за 7 секунди.4/



0 – 4 – (1) / 5 – 7 – (2) / 8 – 11 – (3) / 12  - 14 – (4) / 15 – 16 – (5)

Електрични и магнетни појави - тест



ГРУПА - 1
1. Кои супстанции ги нарекуваме проводници?    3/
2.Што електрична струја?   3/                               
3. На кои начини можеме да ги наелектризираме телата?   3/
4. Што е електрично поле?   3/ 
5. Од што зависи јачината на магнетното поле на еден калем?   3/ 
6. Од алуминиумска жица со отпор од 60 оми е направен отпорник. Колкава е должината на жицата ако напречниот пресек е 0,5 mm2. (ρ=0,029 Ωmm2/m)   5/ 
7. Низ електричен проводник тече струја со јачина од 0.4 ампери. Низ напречен пресек на друг проводник за време од три минути поминува количество електричество од 81 кулон. Низ кој проводник поминува појака струја?   5/
8. Светилка со моќност од 20 вати може да се користи на напон од 40 волти. Одреди ја јачината на струјата и отпорот на светилката.  5/ 
9. Пресметај го вкупниот отпор    5/
    10. Нацртај го векторот на Амперовата сила во случаите прикажани на сликите:    4/
 ГРУПА - 2
1. Што претставува јачината на електричната струја?     3/
2. Што е електричен напон?   3/
3. Што претставува електричен кондензатор?  3/
4. Кога моќноста е еден ват?  3/
5. Колкав е отпорот во кругот со напон 6 волти ако низ напречен пресек на проводник минуваат 480 кулони за време од 4 минути.  5/
6. Јачината на електричната струја во еден проводник е 2 ампери кога разликата на потенцијалите 2 волти. Одреди ја јачината на струјата ако разликата на потенцијалите е 20 волти.     5/
7.Една греалка има моќност 2000 вати и е приклучена на напон од 220 волти. Одреди ја јачината на струјата?  5/ 
8. Пресметај го вкупниот капацитет    5/
            C1 = C2 = C3 = C4 = 2ϻF


9. Определи ја насоката на струјата и половите на изворот, ако при течење на истонасочна струја железното јадро на соленоидот се намагнетизирал  како на сликата.  4/



10.Правило за определување на насока на амперовата сила гласи:   3/

 0 - 10 - (1) / 11 - 18 - (2) / 19 - 26 - (3) / 27 - 34 - (4) / 35 - 39 - (5)