АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

недеља, 12. јануар 2014.

ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 4


  1. Зошто ако ставиме на усните зелен лист од некое дрво или цвеќе и нагло го вдишиме воздухот листот ќе се испокине?
  2. Зошто гумените црева преку кои се извлекува воздухот од некој простор се прават со дебели ѕидови?
  3. Зошто тешко се одлепуваат од стаклото на прозорецот фатените парчиња мраз и како започнува нивното растопување?
  4. Зошто тешко се пие од шише, кога отворот е цврсто прилепен за усните?
  5. За да истече мирисот низ тесниот отвор на шишето треба да се затресе. Зошто?
  6. Поради што со одењето во височина, атмосферскиот притисок се намалува?
  7. Зошто на човек качен на голема височина може да му потече крв од нос?
  8. Зошто воените пилоти што летаат на голема височина, носат скафандери?
  9. Зошто просторот во кој се сместени патниците и екипажот во авионите што летаат на голема височина мора да биде херметички затворен?
  10. Зошто ѕидовите на внатрешните органи на рибите што живеат на големите морски длабочини кога ќе се извадат на површината пукаат?
  11. По кое основно својство се разликуваат гасовите од течностите?
  12. Надуен гумен балон може да се сплеска со раце. Кое својство на гасот во балонот при тоа доаѓа до израз?
  13. Кога ќе биде поголем притисокот во гумите на тркалата од велосипедот – Кога се возиш на него или кога го туркаш?
  14. Дали подеднакво ќе се промени притисокот на воздухот на воздухот во надуен гумен душек ако човек застане на него или ако легне на душекот?
  15. Која е причината што гасот во балонот со качување во височина го зголемува својот волумен?
  16. Ако отворот низ кој е наполнето буре со вино добро се затвори
    и се пушти вино низ затката ќе се забележи по извесно време дека од затката ќе престане да тече вино и покрај тоа што во бурето има вино. Зошто?
  17. Објасни на кој принцип работат машините за молзење млеко?
  18. Објасни на кој принцип правосмукалката го смука правот и другите ситни предмети од местото што го чистиме.
  19. Објасни поради што вакум – закачалките се залепуваат на стакло или на друга мазна површина кога ќе ги притиснеме.
  20. Дали се менува густината на гасот ако се менува неговиот волумен?
  21. Определено количество кислород во челични шишиња за оксигено заварување е збиен под висок притисок. Дали при тоа се менуваат масата, тежината и густината на кислородот?
  22. Објасни на кој принцип работи права пипета.
  23. Објасни на кој принцип работи шприцот за инекции.
  24. Зошто хартиените отпадоци се поткреваат кога преку нив помине автомобил со голема брзина?
  25. Кога дуваме низ отвор на калем од конец а од другата страна бавно доближуваме лист од хартија, тој се налепува на калемот. Зошто?
  26. Зошто клинецот на крајот  со кој влегува е изострен, а на крајот на кој се удира има проширување (глава)?
  27. Зошто тракторот има пошироки гуми од патничкото возило?
  28. На што се должи разликата при пренесување притисок кај цврстите, течните и гасовитите тела?
  29. Зошто завртката полесно ја одвртуваме со клуч отколку со раката?
  30. Кога со ножици за сечење метал сечеме подебела жица ја местиме поблиску до оската на ножиците. Зошто?
  31. Зошто полесно се крши подолга прачка отколку покуса?
  32. Кога триењето е штетно, а кога полезно?
  33. При зачукување на шајка, обично малку ја навлажнуваме. Зошто?
  34. Наведи неколку примери од секојдневието во кои се исполува инерција.
  35. Надуван детски балон, чиј отвор сме го стиснале со прстите а потоа сме го пуштиле ќе се придвижи. Како ја објаснуваш оваа појава?
  36. Како можеме да го застанеме телото што се движи а како можеме да му ја зголемиме брзината?
  37. Што се случува со автомобилот кога наеднаш ќе го сопреме?
  38. Како зависи забрзувањето на едно тело од големината на силата што дејствува на него? Објасни.
  39. Зошто широките ремени на ранецот помалку пропаѓаат во рамињата на човекот од што ако тие се заменат со тенки јажиња?
  40. Зошто темелите на зградите се прават широки?
  41. По асфалтните патишта забрането е движењето на запрежни коли со дрвени тркала чија периферија е опшиена со железни обрачи.
    Овие коли треба да имаат автомобилски тркала со широки гуми. Зошто?
  42. Зошто потешко се излегува на брег од полесен чамец
     отколку од тежок, кога тие се наоѓаат на исто растојание од брегот?
  43. Зошто при стрелање со пушка, кундакот цврсто се држи до рамото?

ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 3


  1. Во која насока дејствува силата на триење, кога паралелопипедот се движи по масата?
  2. Како се движи тело, кога влечната сила ја урамнотежува силата на триењето?
  3. Зошто тркалата на натоварен камиот шлајфуваат  помалку на лизгав пат, отколку кога тој е празен?
  4. Влечната сила и силата на триењето дејствуваат по иста права во спротивни насоки. Колкава е резултантата на овие две сили, ако телото се движи рамномерно?
  5. Објасни зошто треба да се покрие со песок оној дел од патот на кој е истурено масло? Што би се случило ако маслото на патот не се покрие со песок?
  6. На дрвена штица поткрената од едната страна поставуваме прво дрвен паралелопипед, а потоа дрвен цилиндар со иста маса. Дрвениот цилиндар брзо ќе сетркала по штицата, а паралелопипедот при истите услови останува неподвижен. Зошто?
  7. Ако силата на триењето и влечната сила се урамнотежени, дали телото може да се наоѓа во движење?
  8. Зошто железничките шини се поставуваат на широки, дрвени греди (прагови)?
  9. Може ли едно тело со својата тежина да предизвика различни притисоци? Наведи примери.
  10. Кога ќе почувствуваме поголема болка. Кога ќе не нагази човек со кондура или со штикла иако тежината и на двајцата им е иста?
  11. Зошто го остриме алатот за сечење?
  12. Садот е наполнет со вода и затворен со две затки. Кога ќе удриме по едната затка, другата излетува. Оваа не се случува кога во садот се наоѓа воздух. Зошто?
  13. Зошто од пиштолот, на голема длабочина не можеме да утепаме риба?
  14. Два сада имаат дна со исти површини. Во едниот сад висината на течниот столб е поголема. За колку ке се разликуваат притисоците на дното од садовите, ако се работи за иста течност?
  15. Зошто каменот во вода е полесен отколку на воздухот?
  16. Во вода се наоѓаат две топки, едната од железо, а другата од олово со иста тежина. На која од топките дејствува поголема сила на потисокот и зошто?
  17. Тешкиот брод плива, а лесната шајка тоне. Како го објаснуваш тоа?
  18. Како се менува длабочината на нуркање на бродот кога од река влегува во море?
  19. Каква е улогата на рибиниот меур?
  20. Како се објаснува качувањето на воздушниот балон на горе?
  21. Ако две тела се со иста тежина а различен волумен ги урамнотежиме а потоа ги ставиме под стаклено ѕвоно и го извлечеме воздухот ќе дојде до  отклонување на страна на тело со поголем волумен. Зошто?
  22. Како треба да се постави тула за да врши: а) најголем  б) најмал притисок врз подлогата?
  23. Зошто тркалата на тракторот и другите земјоделски машини имаат широки гуми?
  24. Трактор со гасеници предизвикува врз подлогата притисок еднаков на притисокот што го предизвикува човек кога стои на нозе. Кога тракторот ќе помине со гасениците преку тула, ќе ја искрши, додека човекот ако застане на тулата, таа не се крши. Зошто?
  25. Силата со која телото притиска врз хоризонтална подлога под дејство на сила на тежа, се вика негова тежина. Тулата е ставена на подлогата еднаш на пошироката, а другпат на потесната страна. Дали тежината на тулата ќе биде  во двата случаи иста?
  26. Ако во една дрвена кутија направена од тенки штици, затворена од сите страни и потполно исполнета со вода, се испука куршум, таа ќе се разлета на парчиња на сите страни. Зошто?
  27. Ако водата од чаша се прелее во поширока чаша или во поширок сад, дали ќе се промени хидростатичкиот притисок што го врши водата на дното од садот?
  28. Како се спречуваат смрдливите гасови од канализацијата да не влезат во канализационите цевки и во мијалникот?
  29. Чаша не е наполнета до горе со вода.
    Ќе се промени ли хидростатичкиот притисок на дното од садот
    ако во водата го потопиме прстот од раката?
  30. Зошто во вода се чувствуваме полесно од што надвор од неа?
    Со каков напор можеме да се отфрлиме од дното кога сме во вода во споредба со случајот кога сме надвор од неа?
  31. Водните растенија имаат тенки стебла. Ако искорнеме едно растение од водата и го исправиме на брегот, ќе остане ли тоа исправено нагоре?
  32. Каменот пропаѓа во водата, а дрвото кое има еднаков волумен со каменот не пропаѓа. Дали тоа значи дека на дрвото дејствува поголем потисок? Објасни.
  33. Ќе потоне ли оловото во жива или мраз во алкохол?
  34. Епрувета во која се ставени малку сачми за да плива вертикално е потопена едно под друго во три садови со различни течности.
    Во која течност епруветата ќе пропадне најмногу, а во која најмалку?
  35. Поради што, кога ќе ставиме во чаша сода или друг пенлив пијалок, создадените меурчиња се качуваат кон површината на течноста?
  36. Објасни зошто кајчето, кога е празно помалку пропаѓа во водата од што кога е натоварено.
  37. На површината на водата пливаат две тела од по 100 cm3 , едното од плута, другото од дрво. Кое парче повеќе пропаѓа во водата?
    Зошто е тоа така?
  38. Зошто празна конзерва плива по површината на водата додека наполнета со вода – пропаѓа?
  39. На површината на водата во еден сад плива парче мраз. Дали ќе се промени нивото на водата во садот, кога ќе се стопи парчето мраз?
  40. На површината на водата во еден сад плива празна чаша. Дали ќе се промени нивото на водата во садот ако чашата пропадне во водата?

ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 2


  1. Објасни ја намената на напрстокот. Од која сила тој го штити прстот при шиењето?
  2. Што се случува со автомобилот кога нагло застанува (сопира)?
  3. Кога пекар става леб во фурна, тој го внесува со долга штица, која потоа нагло ја повлекува наназад. Притоа лебот останува на истото место. Објасни зошто.
  4. Зошто вселенските бродови можат да се движат низ безвоздушен простор?
  5. Зошто вселенските бродови се движат во поголем дел од патот без потрошувачка на гориво?
  6. Објасни го движењето на речниот или морскиот брод.
  7. Зошто при слободно паѓање телата со разни маси имаат еднакви забрзувања?
  8. Како го објаснуваме одскокот на атлетичарот од штицата?
  9. Зошто возачот на автомобилот ја намалува брзината кога влегува во свиоци?
  10. Како се објаснува надворешната форма на Земјата?
  11. Дали при иста брзина, опасноста во свиоците е иста за празно и натоварено возило?
  12. Зошто опасноста од превртување е поголема на остар отколку на тап свиок?
  13. Зошто во зима улиците ги посипуваме со песок и пепел?
  14. При преместување на тешки предмети, тие никогаш не се влечат по подлога, току под нив се поставуваат железни цевки или дрвени цилиндри. Што со тоа постигнуваме?
  15. Зошто се прават жлебови на автомобилските гуми и ѓоновите од кондури?
  16. Зошто сопирачките на автомобилот се загреваат при сопирање?
  17. Тело пуштено од некоја височина, паѓа кон Земјата.
    Дали е тоа потврда дека на телото дејствува сила? Зошто?
  18. Падобранец се спушта рамномерно. Дали тоа значи дека на падобранецот не дејствува сила или дека дејствуваат повеќе сили што се во рамнотежа?
  19. Која сила го предизвикува паѓањето на градот што се образува во облаците?
  20. Од што е предизвикано течењето на водите во потоците и реките?
  21. Зошто е потешко, да се качуваме по скалите на зграда одошто да одиме по ходник?
  22. Дали тежината дејствува на космонаутот?
  23. Кога не би постоела тежата на Земјата, што би се случило со нејзината атмосфера? Зошто?
  24. Која е силата што го држи космичкиот брод во орбита околу Земјата?
  25. Фудбалска топка кога мирува и кога е во лет е привлекувана од Земјата кон нејзиниот центар. Топката од своја страна ја привлекува Земјата со исто толку голема сила. Дали е точно тврдењето?
  26. Познато е дека меѓу кои било две тела дејствуваат гравитациони сили, коишто се толку поголеми, колку што се поголеми масите на телата што си заемнодејствуваат. Зошто лустерот што еобесен на еластичен шнир не си ја менува положбата кога во собата се внесуваат предмети со многу голема маса, како на пример електрична печка?
  27. Во четивото Тешка задачае запишано: Се искачував по планинската патека како мравка. Колку повеќе се качував,толку повеќе ми тежеше товарот.”  Објасни, дали тоа чувство има врска со промена на тежината на товарот што го носело детето.
  28. Може ли тежиштето на телото да се наоѓа надвор од него?
  29. Во каква рамнотежа е телото закачено во тежиштето?
  30. Во каква рамнотежна положба е елисата од вентилаторот?
  31. Дали се подига или се спушта тежиштето на телото кога тоа преминува од лаболна во стабилна рамнотежна положба?
  32. Зошто столните ламби и лабораториските стативи имаат широки основи на кои стојат?
  33. Зошто човекот што носи тежок товар на грбот се наведнува напред?
  34. Две коцки се направени со еднаков волумен, едната од олово, а другата од дрво. Која од нив ќе лежи постабилно на подлога?
  35. Кога човекот е постабилен, кога седи или кога лежи?
  36. Двокатните автобуси имаат олово во шасијата. Зошто?
  37. Дали секогаш тежиштето на телото е во материјалот од кој е изградено телото? Одговорот поткрепи го со примери.
  38. Зошто човек што носи кофа со вода во едната рака са наклонува малку на другата страна?
  39. Човек седи на стол. Дали може да стане од столот без да се наклони напред? Зошто?
  40. Два камиони, едниот натоварен со тули, а другиот со сено и се со еднакви маси. Кој од камионите е постабилен?