АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

петак, 13. децембар 2013.

Движење и сили - тест

ГРУПА - 1
Прашања и задачи:

1.  Движењата според изгледот на патеката се делат на:2/

2.  Што е сила?1/

3.  Дефинирај рамномерно забрзано движење.1/

4.  Дали брзината е наполно определена со нејзината бројна вредност? Објасни.2/

5. Како гласи третиот Њутнов закон? 1/

6. Што е инерција?1/

7. При рамномерно забрзано движење брзината на телото на крајот од втората секунда е 5 m/s, а на крајот од четвртата секунда е 8 m/s. Одреди го забрзувањето на тоа тело.4/

8. Звукот на грмотевицата сте го слушнале 12 секунди откако сте ја виделе молњата. На која оддалеченост настанала молњата ако брзината на звукот е 340 m/s?4/





ГРУПА – 2

Прашања и задачи:

1. Динамометар служи за ...1/

2. Што е механичко движење?1/

3. Забрзувањето е обратнопропорционално со ..1/

4. Какво движење претставува слободното паѓање?

5.  Која е разликата помеѓу изминатиот пат и траекторија? 2/

6. Како гласи првиот Њутнов закон?2/ 
7. При кочење на воз неговото успорување е 2,5 m/s2 и застанал по 8 s. Колкава била брзината пред да кочи?4/
 
8. Еден пешак за време од 20 s поминал 15 m, а за наредните 30s поминал уште 60 m.  Со колкава средна брзина се движел пешакот? 4/



1.1 Топче се движи со забрзување од 0,16 метри во секунда за секунда. Колкава е брзината на топчето, ако поминало 0,5 метри?4/

1.2  При рамномерно забрзано движење брзината на телото на крајот од втората секунда е 5 m/s, а накрајот од петтата секунда е 10 m/s. Одреди го забрзувањето на тоа тело.4/


2.1 Велосипедист за 15 s изминал 200 m. За колку време ќе ги измине наредните 120 m движејќи се со иста брзина?4/

2.2 Одреди ја длабочината на бунарот ако камен паѓа на површината на водата за 7 секунди.4/



0 – 4 – (1) / 5 – 7 – (2) / 8 – 11 – (3) / 12  - 14 – (4) / 15 – 16 – (5)

Нема коментара:

Постави коментар