АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

уторак, 13. мај 2014.

Светлински појави



Тест по физика  8/8
тема - Светлински појави      

   група – 1    

Прашања и задачи:
1.   Како гласи законот за рефлексија?
2.   Кои  се најчести недостатоци на окото и како се отклонуваат?
3.   Аголот меѓу рамното огледало и упадниот светлински зрак е 60˚ . Колкав е аголот на одбивањето?
4.   Пресметај ја фокусната далечина на леќата со јачина 2 D.
5.   На оптичката оска на вдлабнатото (конкавно) огледало чиј радиус на кривината е  60 cm на растојание од 3 m се наоѓа предмет АБ. Накое растојание ќе се добие јасно неговиот лик?
6.   Пред рамно огледало се наоѓа предметот АБ. Конструирај го неговиот лик. Што заклучуваш? 
7.   Конструирај го ликот на предметот - стрелка голема 1,5 cm што се наоѓа помеѓу оптичкиот центар и фокусот на собирната леќа со фокусно растојание од 2,5 cm. Што заклучуваш?
8.   Конструирај го ликот на предметот – стрелка, голема 1 cm што се наоѓа на растојание од 2 cm од темето на конвексно (испакнато) сферно огледало со радиус на сферата од 4 cm.
 
група – 2

Прашања и задачи:
1.   Каков лик дава рамното огледало?
2.   Во кој случај аголот на прекршување е помал од  упадниот агол? Наведи примери.
3.   Зракот паѓа на рамно огледало. Колку треба да биде голем упадниот агол α, така што упадниот и одбиениот зрак да градат агол од 70˚?
4.   Пресметај го радиусот на леќата со јачина од 0,5 D.
5.   Собирна леќа со јачина 5 D дава лик на предмет на растојание од 60 cm од оптичкиот центар на леќата. На кое растојание се наоѓа предметот?
6.   Конструирај го ликот на предметот (стрелка) со големина (должина) од 1,5 cm, што се наоѓа помеѓу фокусот и оптичкиот центат на едно конкавно (вдлабнато) сферно огледало чиј радиус на сферата е 5 cm.
7.   Конструирај го ликот на предметот (стрелка) со големина (должина) 1,5 cm  што се наоѓа помеѓу оптичкиот центар и фокусот на растурната леќа со f = 3 cm.
8.   Пред рамно огледало се наоѓа предметот АБ. Конструирај го неговиот лик. 

Нема коментара:

Постави коментар