АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

петак, 7. децембар 2012.

ЕЛЕКТРИЦИТЕТ - нумерички задачи



Реши ги задачите:



1.  Низ напречен пресек на даден проводник за 1s протекува количество електричество од 2С. Колкава е јачината на струјата во проводникот?



2.  Амперметар врзан во електричен струен круг покажува струја од 2А. За колку време изразено во секунди во кругот ќе потече количество електричество од 300С?



3.  Потенцијалот во една точка од полето е -150V, а во друга +350V. Колкава е потенцијалната разлика меѓу тие точки?



4.  При пренесување на количество електричество од 1С меѓу две точки во полето била извршена работа од 25Ј. Најди ја потенцијалната разлика меѓу тие точки?



5.  За пренесување на количество електричество во електрично поле е извршена работа од 28Ј. Колкава е големината на тоа количество електричество, ако неговото пренесување е вршено при напон од 700V?



6.  Низ влакното на светилката протекува струја со јачина 280mА. Колкаво количество електричество во кулони протекува низ светилката?



7.  Колкав отпор дава проводник низ кој при напон од 220 V тече струја со јачина од 5,5 А?



8.  Колкав е електричниот отпор на бакарен проводник со напречен пресек 1 mm2 и должина 1 km?



9. Заедничкиот отпор на 4 еднакви паралелно врзани светилки изнесува 76 Ω . Колкав отпор има секоја светилка посебно, а колкав е заедничкиот отпор кога се врзани сериски? Пресметај го отпорот на алуминиумски проводник со должина 50m и напречен пресек 2,5mm². Специфичниот отпор на алуминиумот е 2,9 · 10 ‾ 8 Ωm.



10. Бакарен проводник со должина 250m има отпор 10Ω. Определи го напречниот пресек на проводникот? Специфичен отпор на бакарот е 1,7 · 10¯8 Ωm.



11. Проводник со должина 5km има отпор 48Ω и напречен пресек 50mm². Пресметај го специфичниот отпор на овој проводник.



12. Метален проводник со должина 2,5m има отпор 1,25Ω. Колку метри од овој проводник се потребни за да се направи намотка од 44Ω?



13. Eлектричен мотор е врзан на напон од 250V. Отпорот на неговите намотки е 12,5Ω. Определи ја јачината на струјата во намотките на електромоторот во ампери.



14. Колкав напон во волти треба да се донесе на отпорник чиј отпор е 1,5kΩ за да биде јачината на струјата во него 20mА?



15. Електромотор работи на напон од 220V и користи струја од 500mА. Одреди го отпорот на електромоторот во оми.



16. Три потрошувачи чии отпори се: R = 6Ω, R2 = 12Ω, R3  = 8Ω врзани се сериски. Најди го заедничкиот отпор на овие потрошувачи.



17. Три потрошувачи чии отпори се: R = 6Ω, R2 = 12Ω, R3  = 3Ω врзани се паралелно.Најди го заедничкиот отпор на овие потрошувачи. 

18. Два паралелно врзани потрошувачи имаат отпори 36Ω и 24Ω. Најди го заедничкиот отпор на потрошувачите и јачините на струите што тече по нив, акојачината на струјата во неразгранетиот дел изнесува 6,25А.



19. Скалата на амперметарот е 6А, а неговиот отпор 0,02Ω. Дали може директно да се вклучи на извор на струја со напон од 12V Пресметај го отпорот на алуминиумска жица, долга 4m, со напречен пресек 64mm². (ρ = 0,032Ωmm²/m)



20. Заедничкиот отпор на четири еднакви, паралелно врзани светилки изнесува 76Ω. Колкав отпор има секоја од нив пооделно?



20. Пресметај го заедничкиот отпор на три отпорници од по 6Ω, ако тие се врзани: а) сериски,  б) паралелно.



21. Колкаво количество електричество треба да се донесе на изолиран проводник со капацитет од 600µF, за потенцијалот да му се зголеми за 40 V? Колкаво количество електричество треба да се донесе на изолиран проводник со капацитет 3μF, за да се наелектризира до потенцијал од 2500V?



22. На кондензатор со капацитет 500μF е донесено количество електричество од 0,01mС. Определи го напонот на кондензаторот.



23. Имате кондензатор на кој е напишано "6μF, 2000V". Врз основа на овие податоци најди колкаво електричество може да му се донесе на кондензаторот.



24. Два сериски врзани кондензатори со капацитети С1 = 2μF и С2 = 4μF имаат еквивалентен капацитет од _____ μF. Колкав би бил еквивалентниот капацитет на тие кондензатори ако се врзани паралелно?



25. Кондензатори со капацитети С1 = 10μF, С2 = 15μF и С3 = 30μF поврзани се како на сликата (сериски): Колкав е капацитетот на батеријата од кондензаторите?



25. За колку ќе се намали напонот на кондензатор чиј капацитет е 4μF, ако количеството електричество му се намали за 20μС?



26. Колкава е моќноста на машината за перење алишта, ако за време од 2,5 h изврши работа од 3600 kJ?



27. Електрична греалка со моќност P = 1,5 kW e вклучена 2 h . Колкаво количество електрична енергија истрошила таа?



28. При последното читање на струјомерот инкасаторот регистрирал состојба на броилоро 5420 kWh. Сегашна состојба на струјомерот е 5600 kWh. Колку енергија е потошена и колку пари ќе наплати инкасаторот ако 1 kWh чини 6 денари?



29. Колкава е моќноста на електричната греалка низ која при напон од 220 V протекува количество електричество од 10 С во секунда?



30. Грејачот на електрично бојлерче има моќност 2000W. Ако бојлерчето работи секој ден по 3 часа, колкава енергија ќе потроши за 10 дена?



31. Во електричен струен круг со отпор од 15Ω треба да се создаде струја со јачина 3А. Колкав најмал напон треба да се донесе во кругот за да биде исполнет условот?



32. Отпорници R1 = 10Ω, R2 = 15Ω, R3 = 16Ω врзани се меѓу себе како на шемата. Колкави им се јачините на струите I1, I2, I3, ако напонот меѓу точките А и Б е 220V? Колкав напон во волти треба да се донесе на отпорник чиј отпор е 1,5kΩ за да биде јачината на струјата во него 20mA?



33. Електричен отпор на еден отпорник R1 = 3Ω, а на вториот  R2 = 6Ω. Пресметај го вкупниот отпор на отпорниците кога тие се врзани : а) сериски,    б) паралелно.



34. Две електрични светилки со отпори 200Ω и 400Ω врзани се сериски во ел. струен круг со напон од 210V. Oпредели ја јачината на струјата во светилките.



35. Колкава топлина издвојува електрична греалка со моќност од 3kW, за време од 3 h?



36. Моќноста на еден телевизор е 120 W. Кој осигурувач е погоден да се употреби ако располагаш со осигурувачи од 1А, 2А и 5А?



37. Колкава работа била извршена за пренесување на количество електричество од 5С од точката на потенцијал од 120V до точка на потенцијал од 220V?



38. Електричен греач со отпор од 55Ω е приклучен на напон од 220V. Колкава е јачината на струјата што тече низ грејачот?



39. Една светилка е приклучена на напон од 220V, а јачината на струјата што протекува низ неа е од 0,5А. Колку изнесува отпорот на влакното од светилката?



40. Колкав е напонот на краевите на отпорникот со отпор од 1500Ω, ако јачината на струјата што протекува низ него е 50mA?



41. Колкава моќност има електричен уред низ кој при напон од 220V тече струја со јачина 12А?



42. Колкава јачина има електричната струја што поминува низ електричен уред со моќност од 1500W приклучено на напон од 220V?



43. Koлкава е моќноста на електрична греалка низ која при напон од 220V протекува количество електричество од 10С во секунда?



44. Електричен бојлер вклучен на напон од 220V издвојува 2600kJ енергија при јачина на струјата од 4А. Колку време бил вклучен бојлерот?



45. Колку ќе платиш за потрошената електрична енергија месечно ако секој ден вклучуваш 3 светилки од пo 60W по 4 часа, шпорет со моќност 2kW – 2 часа и радио со моќност 40W – 3 часа. Ако цена на еден  kWh енергија изнесува 20 денари?



46. Кон делот од кругот кој е составен од два паралелно врзани потрошувачи чии отпори се R1 = 12Ω  и R2 = 15Ω донесен е напон од 36V. Најди го заедничкиот отпор на разгранетиот дел од кругот и јачината на струјата во неразгранетиот дел од кругот.




Нема коментара:

Постави коментар