АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

недеља, 9. децембар 2012.

ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ




1.          Во сообраќајните прописи се предвидува да се држи одредено растојание при движење со автомобил во колона. Зошто?

2.          Ладилник е преполнет со месо од говеда, поради што не може да се затворат вратите. Месото виси на ченгели. За да може да ги затвори вратите шоферот тргнал со мала брзина, а помошникот во моментот на нагло сопирање ги затворил вратите. Објасни зошто е тоа можно!

3.          Шоферот на товарен камион, забележувајќи го црвениот сигнал на семафорот, го започнува сопирањето порано од шоферот што вози исто таков ненатоварен камион што се движи со еднаква брзина, паралелно со него. Зошто?

4.          Зајак што го брка куче прави нагли скокови во моментие кога кучето е подготвено да го зграпчи со забите. Зошто на кучето му е тешко да го улови зајакот иако трча побрзо од него?

5.          Поради што брзината на водата во реката е поголема на средината одошто кај брегот?

6.          Зошто фудбалските голмани, кога бранат, ставаат ракавици кои на прстите и на дланките се покриени со рапава гума?

7.          Поради што на мраз или кал погонските тркала на автомобилот понекогаш се вртат во место и автомобилот не се движи туку останува во место? Што превзема возачот да го стави во движење автомобилот?

8.          Површината на иглата за шиење е блескаво исполирана. Зошто? Зошто со рѓосана игла не може да се шие?

9.          Поради што жива риба тешко се држи во раце?

10.       Зошто возачот кој вози со голема брзина не смее наеднаш да скршне од правецот на движењето?

11.       Поради што тешко се држи во раце крајот на пожарникарското црево од кое истекува силен млаз вода?

12.       Зошто вселенските бродови се движат во поголем дел од патот без потрошувачка на гориво?

13.      Зошто се придвижува гранката од која полетува птица?

14.       Како гласи I Њутнов закон ( закон за инерција)?

15.       Како гласи II Њутнов закон ( закон за сила)?

16.       Како гласи III Њутнов закон ( закон за акција и реакција)?

17.       Наброј неколку примери на триење?

18.      Кога триењето е полезно, а кога штетно?

19.       Што се флуиди, дали и тие предизвикуваат триење?

20.       Наброј неколку примери на акција и реакција.

21.       Кога се удира со рака на маса се чувствува болка. Од која сила потекнува болката што се чувствува при ударот?

22.       Автомобил со маса од 800 килограми се движи со брзина од 60 km/h. Колкава е силата, ако движењето е рамномерно забрзано и траело 20 секунди? (664 N)
23.       На тело со маса 5 килограми му дејствува сила од 15 њутни, која при движењето му дава забрзување. Колкаво е забрзувањето? (3m/s²)

24.       Фудбалер ја удира топката со маса 800 грами, која се движи со брзина од 18 метри во секунда. Да се најде силата со која е удрена топката, ако ударот траел  0,02 секунди. ( 720N)

25.       Колкава е тежината на телото со маса: 3,5 kg;  600 kg; 5 t?

26.       На човек со теина од 800 њутни, колкава му е масата?

27.       На бензиска пумпа, во резервоарот на патничка кола налеани се 40 литри бензин. За колку се зголемила нејзината тежина? (ρ = 800 kg/m³)

28.       Зоран скокнува на брегот од кајчето со брзина од 6 метри во секунда. Кајчето се одбива назад со брзина од 0,3 метри во секунда. Колку пати е поголема масата на кајчето од масата на Зоран? (20 пати)

29.       При жнеењето комбајнот опфаќа појас широк 3,6 метри. Колку хектари ке ожнее комбајнот за време од 8 часа непрекината работа, ако се движи со средна брзина од 5 километри на час?

30.       Автомобил достигнал брзина од 118,8 километри на час за време од 11 секунди. а) Колкаво е забрзувањето на неговото движење?  б) Колкав пат изминал автомобилот за тоа време?
 Кој сакал работел - КОНТРОЛНИ ЗАДАЧИ:
ПРОДОЛЖУВА :)

Нема коментара:

Постави коментар