1. ДЕФИНИРАЈ:
а) Со кои елементи
наполно е определена силата?
б) Што е инерција?
в) Како гласи Третиот Њутнов
закон (Закон за акција и реакција)?
г) Што е тежина на
телата?
д) Што е гравитационо
поле?
2. РЕШИ:
а) Тело со маса од 1,2 тони, се движи се брзина од 80
километри на час. Колкава сила дејствува на телото ако движењето е рамномерно
забрзано и трае 36 секунди?
б) Поаѓајќи од состојба на мирување автомобил со маса од
2 тони за 10 секунди ќе измине пат од 100 метри. Колкава е влечната сила на
автомобилот?
в) Масата на тегот е 1 килограм. Колкав притисок врши на
подлога со површина 15 cm2?
г) Определи ја резултантата
на компонентите од 7 њутни и 5 њутни, ако тие дејствуваат во ист правец и иста
насока.
д) Определи ги компонентите на дадената резултантна сила.
1. ДЕФИНИРАЈ:
а) Што е сила?
б) Како гласи Паскалов закон?
в) Што е гравитациона сила?
г) Како гласи прв Њутнов закон (закон за инерција)?
д) Што е тежиште?
2. РЕШИ:
а) На тело со маса од 200 грами, кое мирува почнува да
дејствува сила од 1 Њутн. Со колкава брзина ќе се движи телото и колкав пат ќе
измине ако се движи 5 секунди?
б) Тежината на корпа со јаболка е 54 њутни. Колкава маса
јаболка треба да се извади за тежината на јаболките да биде 36 њутни?
в) Масата на тегот е 1 килограм. Колкав притисок врши на
подлога со површина 2 cm2?
г) Определи ја
резултантата на компонентите од 8 њутни и 2 њутни, ако тие дејствуваат во ист
правец а спротивна насока.
д) Определи ја компонентната сила.