АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

уторак, 13. мај 2014.

Тематски тест - Внатрешна енергија


Тематски тест-физика

Тема: Внатрешна енергија

Iгрупа



1.   Што ја сочинува внетрешната енергија на едно тело? (2)

2.   Топлина е __________________________   (2) 

3.   Кога велиме дека едно тело се загрева? (2)

4.Претвори:                                                                                                                                           

       а) 23ºС=________К      б) -15ºС=_________К

       в) 294К=_______ºС      г) 230К=_________ºС   (4)

5.   Што е топлоспроводливост? (2)

6.   Зошто е погодно грејните тела да се поставуваат во долниот дел од просторијата? (2)

7.   Зошто се препорачува во лето  да носиме светли бои? (2)

8.   Објасни го топлинското ширење на телата со помош на молекуларно-кинетичката теорија. (2)

9.   Мразот се топи на  _________ К. (2)

10. На кои начини можеме да ја смениме внатрешната енергија на едно тело? (2)

11. Зошто во зимскиот период  есенските посеви не замрзнуваат иако се покриени со снег? (2)

12. Колку енергија се ослободува при ладење на 2 kg вода од 90˚С на 30 ˚С? (5)

13. На температура од 20ºС железна шина е долга 35m. За колку ќе се издолжи шината ако температурата се зголеми на 42ºС? (α=0,000012  1/˚С) (5)

14. Колкава ќе биде температурата на 3 kg вода загреана на 80 ˚С и 3 kg  на 30 ˚С кога ќе се измешаат? (5)



IIгрупа



1.   Што претставува топлината? (2)

2.   Внатрешна енергија е_____________ (2)

3.   Кога велиме дека едно тело се лади? (2)

4.   Претвори:

а) 15ºС=________К    б) -21ºС=________К

в) 287К=_______ºС    г) 225К=________ºС  (4)

5. Што е струење? (2)

6. Зошто се препорачува стаклата на прозорците да бидат дупли? (2)

7. Зошто не се препорачува летно време да носиме облека со црна  боја? (2)

8. Објасни го топлинското ширење на течностите со помош на молекуларно-кинетичката теорија. (2)

9. Ако ставиме парче мрз во вода тоа плива на површината. Зошто? (2)

10. На која температура густината на водата е најголема? (2)

11. Зошто е опасно плинска боца да оставиме до загреано грејно тело? Објасни. (2)

12. При загревање на вода од температура 15ºС до температура од 25ºС таа прима количество топлина од 142,8кЈ. Колкава е масата на водата?(5)

13. Должината на бакарна жица е 50m на температура од 18ºС. Колкаво ќе биде издолжувањето на жицата ако температурата се зголеми до 35ºС? (α=0,000017  1/˚С) (5)

14. Колкава ќе биде температурата на 3 kg вода загреана на 80 ˚С и 4 kg  на 30 ˚С кога ќе се измешаат?(5)



0-10-1/ 11-17-2/18-24-3/25-31-4/32-35-5

Нема коментара:

Постави коментар