АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

Приказивање постова са ознаком Аида Петровска. Прикажи све постове
Приказивање постова са ознаком Аида Петровска. Прикажи све постове

уторак, 10. новембар 2026.

Student councils in action: developing a democratic school culture

 


Курсот “Student councils in action: developing a democratic school culture” (Ученичките совети во акција: развивање демократска училишна култура) е наменет за наставници кои сакаат да ја поттикнат активната улога на учениците во училишниот живот и да придонесат за создавање демократска, инклузивна и соработлива училишна средина.

Преку овој курс се запознаваме со значењето на ученичкото учество во донесувањето одлуки и со улогата на ученичките совети во развивањето демократски вредности. Се истакнува дека учениците не треба да бидат само пасивни учесници во образовниот процес, туку треба да имаат можност слободно да го изразуваат своето мислење, да предлагаат идеи, да укажуваат на проблеми и активно да учествуваат во подобрувањето на училишниот живот.

Посебно внимание се посветува на формирањето и функционирањето на одделенските совети, како важен прв чекор кон поголемо ученичко учество. Преку нив учениците учат како да дискутираат, да ги слушаат и почитуваат мислењата на другите, заеднички да донесуваат одлуки и да преземаат одговорност за нивното спроведување. Исто така, се истражува како одделенските совети можат да се поврзат со ученичките совети и пошироките процеси на развој и унапредување на училиштето.

Курсот нуди практични насоки за тоа како наставниците можат чекор по чекор да организираат и водат состаноци на одделенските совети, како да ги охрабрат учениците да учествуваат и како нивните предлози и идеи да станат дел од реалните училишни активности. Се нагласува и важноста на соработката меѓу учениците, наставниците и раководството на училиштето при создавањето позитивна демократска училишна култура.

Курсот се реализира онлајн, со самостојно учење, без фиксни рокови и задолжителни состаноци. Учесниците ги совладуваат содржините и ги изработуваат предвидените активности во време и темпо што им одговара. По успешно завршување се добива дигитален сертификат.

Главната порака на курсот е дека демократската култура во училиштето се гради преку активно учество на учениците, почитување на нивниот глас и вклучување во донесувањето одлуки. На тој начин училиштето станува место каде што учениците не само што учат за демократијата, туку секојдневно ја практикуваат. Целта е да израснат во самостојни, критички настроени и одговорни личности, кои ќе знаат да размислуваат со своја глава, да ги препознаваат вистинските вредности и да носат одлуки врз основа на сопствените убедувања. Да не дозволат да бидат инструмент во туѓи раце, ниту да веруваат во ветувања за успех без труд и одговорност, туку свесно и слободно да го избираат својот пат, без некој да одлучува наместо нив и против нивната волја

Fostering Civic Engagement in Students


Курсот “Fostering Civic Engagement in Students” (Поттикнување на граѓанскиот ангажман кај учениците) е наменет за наставници кои сакаат да ги оспособат учениците да станат активни, одговорни и информирани граѓани, подготвени да учествуваат во животот на својата заедница и општеството.

Преку овој курс се запознаваме со значењето на демократијата, човековите права, еднаквоста, инклузијата, почитувањето на различностите и владеењето на правото. Посебно внимание се посветува на европските вредности и европското граѓанство, како и на правата и одговорностите што ги има секој граѓанин. Се разгледуваат и современите предизвици со кои се соочува демократијата, како и начините на кои младите можат активно да придонесуваат во донесувањето одлуки и решавањето на проблемите во својата средина.

Курсот нуди теоретски знаења, но и практични насоки и активности кои наставниците можат да ги применат во секојдневната работа со учениците. Преку различни примери, интерактивни задачи, дискусии и анализа на конкретни ситуации се учи како да се поттикнува критичкото размислување, слободното изразување на мислењата, меѓусебното почитување и прифаќањето на различните ставови. Исто така, се истакнува важноста од создавање училишна средина во која секој ученик и вработен ќе се чувствува прифатен, почитуван и охрабрен да учествува.

Посебен дел од курсот е посветен на осмислување наставни активности и проекти преку кои учениците ќе можат да ги применуваат стекнатите знаења во реални ситуации, да препознаваат проблеми во својата заедница, да предлагаат решенија и да развиваат чувство на одговорност и солидарност.
( https://nasmedium.blogspot.com/2025/06/blog-post_12.html )
На тој начин, наставникот не е само пренесувач на знаења, туку и поттикнувач на демократски вредности и активно граѓанство.

Курсот се реализира онлајн, со можност за самостојно учење во време и темпо што му одговара на учесникот. Нема задолжителни состаноци или фиксни рокови. По успешно завршување се добива дигитален сертификат.

Главната порака на курсот е дека училиштето има важна улога во создавањето генерации кои ќе размислуваат критички, ќе ги почитуваат човековите права, ќе ги прифаќаат различностите и активно ќе придонесуваат за подобро, поправедно и подемократско општество.


среда, 16. јул 2025.

“Young Physicists” School

 


“Young Physicists” School

Students from “Dimitar Miladinov” Primary School in Skopje participated in the 46th “Young Physicists” School, held at the Institute of Physics, Faculty of Natural Sciences and Mathematics in Skopje.

Hundreds of students from various schools across North Macedonia took part in this scientific event, presenting their own scientific experiments and practical demonstrations. From our school, 20 students actively participated in the competition. Eight students won second prizes, and ten students received third prizes. This success confirms their curiosity, perseverance, and interest in natural sciences.

The event enabled students to develop their love of physics through experimentation, demonstrations, and learning from professionals and scientists through workshops and lectures.

Examples of Demonstrations and Experimental Activities:

1. Thermal Movements of Water (Convection)

Objective:
To understand the process of heat transfer through natural convection in liquids.

Methodology:

-      Students worked individually or in small groups, depending on their abilities and prior knowledge.

-      A problem-based and inquiry-based approach was applied: students formulated hypotheses, observed the course of the experiment, and drew conclusions on their own.

-      Formative assessment was carried out through observation, guided questioning, and group discussion.

Contextualization:
After the experiment, results were connected to real-life phenomena – water circulation in rivers, lakes, and seas, and the influence of water surfaces on climate change.

2. Properties of Air (Atmospheric Pressure)

Objective:
To demonstrate atmospheric pressure and explain how air expands when heated and contracts when cooled.

Methodology:

-      Students actively predicted outcomes, observed changes, asked questions, and formulated conclusions.

-      Continuous assessment was used by monitoring their engagement and understanding through open-ended questions and reflection.

-          Focus on STEM Competencies:

Through a simple experiment, students understood the application of physical laws in everyday life and developed scientific thinking.


3. Invisible Forces (Electric Field)

Objective:
To understand electric forces through practical experiments using PVC rods, aluminum foil, and balloons.

Methodology:

-      Students participated in performing and observing the experiments and then explained the phenomena based on their observations.

-      Activities were individualized: some students received guided questions, while others proposed explanations independently.

Interdisciplinary Approach:
Explaining invisible forces was related to electric devices and phenomena in everyday life


Results and Impact

These activities directly contributed to:

-      The development of STEM competencies.

-      Encouraging critical and logical thinking.

-      Strengthening skills in experimental work and analytical thinking.

-      Increasing motivation and self-confidence through participation in the competition.

-     Fostering an individualized and inclusive approach, where every student  participated according to their abilities.

-     Connections with the Scientific and Professional Community

Through participation at the Institute of Physics and collaboration with university professors and researchers, students had the opportunity to interact directly with the scientific community, which further motivated their development in STEM fields.

Conclusion

The “Young Physicists” School represents an example of an integrated STEM approach in education, where through research, practical work, contextualization, and individualized teaching, students’ curiosity and scientific literacy are fostered. Learning becomes meaningful, applicable, and motivating.


46. Школа „Млади физичари“

 Учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје учествуваа на 46. Школа „Млади физичари“,на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На овој научен настан учествуваа стотици ученици од различни училишта во Македонија, презентирајќи свои научни експерименти и практични демонстрации. Од нашето училиште, 20 ученици активно се вклучија во натпреварот. Осум ученици освоија втори награди, а десет ученици трети награди. Овој успех ја потврдува нивната љубопитност, истрајност и интерес за природните науки.

Настанот им овозможи на учениците да ја развиваат својата љубов кон физиката преку експериментирање, демонстрирање и учење од стручни лица и научници преку работилници и предавања.

Примери на демонстрации и експериментални активности:

1. Топлински движења на водата (Конвекција)

Цел: Разбирање на процесот на пренос на топлинска енергија преку природна конвекција во течности.

Методологија:

Учениците работеа индивидуално или во мали групи, според способностите и претходното знаење.

Применивме проблемски и истражувачки пристап: учениците поставуваа хипотези, го следеа текот на експериментот и сами формулираа заклучоци.

Формативно оценување беше спроведено преку набљудување на активноста, поставување насочени прашања и дискусија.

Контекстуализација:

По експериментот, резултатите беа поврзани со природни појави – циркулација на вода во реки, езера и мориња, влијанието на водените површини врз климатските промени.

 

2. Својства на воздухот (Атмосферски притисок)

Цел: Докажување на атмосферскиот притисок и објаснување на промени во волуменот на воздухот при загревање и ладење.

Методологија:

Активноста беше спроведена со активно вклучување на учениците – тие предвидуваа што ќе се случи, набљудуваа, поставуваа прашања и носеа заклучоци.

Оценувањето во континуитет овозможи следење на нивното разбирање преку постојано поставување отворени прашања и поттикнување на размислување.

Фокус на STEM:

Преку едноставен експеримент, учениците ја разбираа примената на физичките закони во секојдневието и развиваа научно размислување.


3. Невидливи сили 

Цел: Разбирање на електричните сили преку практични експерименти со поливинилна прачка, алуминиумска фолија и балони.

Методологија:

Учениците учествуваа во практично изведување и набљудување, а потоа формулираа објаснувања за забележаните појави.

Активностите беа индивидуализирани: на дел од учениците им беа давани насочени прашања, други сами предлагаа интерпретации.

Интердисциплинарност:

Објаснувањето на невидливите сили беше поврзано со електрични уреди и апарати од секојдневниот живот.

Резултати и влијание

Овие активности директно придонесоа за:

Развој на STEM компетенции кај учениците.

Поттикнување на критичко и логичко размислување.

Развој на вештини за експериментална работа и аналитички пристап.

Зголемена мотивација и самодоверба кај учениците преку учество на натпреварот.

Развивање на индивидуализиран и инклузивен пристап – секој ученик учествуваше според сопствените можности.

Врски со научната и стручната заедница

Преку учеството на Институтот за физика и соработката со универзитетски професори и научници, учениците добија можност за директен контакт со научната заедница, што дополнително го мотивира нивниот развој во STEM областа.

Заклучок

Школата „Млади физичари“ претставува пример на интегриран STEM пристап во образованието, каде преку истражување, практична работа, контекстуализација и индивидуализација се поттикнува љубопитноста и научната писменост кај учениците. Наставата станува смислена, применлива и мотивирачка.



субота, 10. август 2024.

Е – учење (пристап до ресурси, услуги, размена на идеи, соработка на далечина и др.)

 Е – учење

Дефиниција за e-учење  од Европската Комисија :

“Kористење на  нови мултимедијални технологии и Интернет за да се подобри квалитетот на учењето преку обезбедување пристап до извори и услуги, како и размена и соработка на далечина.” 

Oснувачите  на е-учењето ова “Е” го толкуваат поинаку.  Велат “E” има  пошироко значење, иако се однесува на Електронското учење:

 “Е” треба да е возбудливо (exciting),

енергично (energetic),

ентузијастично (enthusiastic),

емоционално (emotional),

екстензивно (extended),

извонредно (excellent)  и

едукативно (educational)

како дополнување на

електронско (electronic) учење. 

Електронско учење е тип на образование  преку компјутерска технологија и со вклучување на дигитални технологии.  (дигиталната технологија е поширок поим кој ги вклучува сите уреди и технологии кои користат дигитални сигнали, додека компјутерската технологија се однесува на примена на компјутери и софтвер за решавање проблеми.)

Многу  често ќе се сретнете со описот на  електронското учење како “педагогија вооружена со дигитална технологија” ("pedagogy empowered by digital technology")  Програмата на Е-учење е промовирање на ИКТ за  доживотно учење, а се фокусира на унапредување на повеќе компоненти:

-        промовирање на дигитална писменост,

-        зголемување на бројот на дигитални училишта и факултети,

-        промовирање на e-учење,

eTwinning на основни и средни училишта. 

Започнува со  достапност и поддршка на ученици од оддалечени региони кои сакаат да се стекнат со соодветна едукација, подржувајќи  лица со посебни образовни потреби, вклучувајќи ги сите категории на ученици, програмата прави низа активности за промовирање на дигиталната писменост. 

E-Twinning програмата овозможува мрежно поврзување на градинки,  основните и средните училишта ширум Европа  кои преку соодветен портал добиваат можност да учествуваат во едукативни проекти со нивните врсници и колеги од  други земји.

 Колаборативната оnline активност се совпаѓа со целта на Европската Унија за мултијазично и мултикултурно општество, а истовремено се унапредуваат дијалогот, меѓусебното разбирање, професионалните и обучувачките вештини на предавачите, како и можностите за колаборативно користење на ИКТ. 

Проектот eTwinning официјално беше лансиран во јануари 2005 на голема конференција во Брисел, на која учествувале 300 наставници, што е само мал дел од целиот наставнички кадар низ Европа, кој се брои во стотици илјади.

Проектот е со визија за образование на Европската Унија – да се зголеми соработката и меѓусебното учење меѓу Европските земји на сите  нивоа, почитувајќи ги националните одговорности за организација и структура на образовните системи. 

еТwinning беше конципиран со подвлекување на идејата да се искористи зголемувачкиот број на можности кои ги нуди ИКТ   за проширување на училишните хоризонти и овозможување да се искуси Европа без да се напушти училницата. Со еден клик, учениците и наставниците можат да соработуваат со своите колеги во други земји и да учат на било која тема едни од други. 

eTwinning, од 2007 година како дел од Comenius, програмата на EU за училишна едукација, ги надмина  сите очекувања во поглед на стапката на учество, што се должи делумно на „bottom-up‟ пристапот и флексибилниот дизајн, кој ги ослободува и вклучува инволвираните страни. Но најголем придонес во успехот има извонредната посветеност, ентузијазам и креативност на многу наставници и желбата на учениците е да имаат интеракција со своите пријатели низ Европа. 

eTwinning, им нуди на училиштата, инфраструктура за  колаборација, поддршка и идеи, како и цел ранг на можности за професионален  развој на наставничкиот кадар, а она што го прави уште поспецијален е елементот што го ставаат во проектот учениците и наставниците. Владите на државите може да направат многу да го охрабрат вистинското опкружување за електронско учење.

Степенот на имплементација на електронското учење, во едукативната и во бизнис сферата е обратнопропорционално со богатството на една земја. Колку што е посиромашна земјата, толку пофокусирани треба да се напорите да се поддржи електронското учење. 

Термините пак “Online Learning”, “Online Education” означуваат веб-базирано учење. Нови изрази кои го прошируваат нивното значење се “M-learning” со користење на мобилните технологии. Во секој случај, електронското учење е сеопфатно и ги поврзува технологијата и учењето кое се спроведува со помош на нејзино користење.

е-содржините може да се состојат од елементи: презентации, интерактивни презентации, анимации, симулации, видео записи, аудио записи, дијаграми, мапи и текстови. 

Содржините потребно е да имаат:  вградени функционалности во интерфејсот кои одговараат на возраста на корисниците, едноставна навигација, индекс на поими,  помош и насоки за користење на е-содржината, дополнителни информации за содржината, квизови за самопроверка на знаењата, тестови на знаење составени од различни типови на прашања, известување за точноста на дадените одговори, но и други елементи кои на содржината и даваат дополнителна вредност” 

Web 2.0 – е реалност на интернетот и вмрежувањето воопшто, каде комуникациите, колаборацијата, документирањето, генерирањето и интеракцијата се проширени и продлабочени во сите правци. Учењето може да се случи преку разговори и интеракција за проблеми и содржини.

Приврзаниците на социјалното учење тврдат дека најдобар начин да научиш нешто е да го предаваш на другите. Индивидуите континуирано креираат и споделуваат информации според нивните интереси и влегуваат во разговор едни со други.

Компјутерско оценување опфаќа автоматизирани тестови со повеќекратен избор, како и пософистицирани системи за компјутерско оценување. Некои системи овозможуваат автоматизиран но сепак индивидуализиран повратен одговор на специфични грешки на ученикот, или навигација на ученикот  низ серија на прашања соодветно на она што системот врз база на програмирање проценил дека ученикот  го знае или не го знае. 

Категоризација на комуникациските технологии кои се користат во e-учење е на асинхрони и синхрони.   Асинхроните активности преку блогови, дискусиони групи по социјалните мрежи, емаил пораки и форуми, означуваат возможност секој партиципант да биде вклучен и даде свој придонес во дискусијата без временска или просторна условеност со другите партиципанти.   Синхроните активности подразбираат размена на идеи и информации со еден или повеќе партиципанти во ист временски момент. Виртуелните училници и видеоконференциите често користат микс на комуникациони технологии. 

Kвалитетот на образовниот систем – како примарен креатор и дистрибутор на знаењето има институционалност и контрола. Комплексниот процес на знаење се состои од три фази: трансфер, асимилација  со интерпретација  и дистрибуција на информацијата. 

Сите овие фази се базирани на интелектуален капацитет и со нивно подржување на индивидуален и колективен план, се создава знаењето со непроценлив квалитет. Општеството треба да учестува не само како спроводник на информации, туку треба да обезбеди и дисперзија на информациите низ процесот на социјализацијата. 

Електронското учење бара поголема созреаност и самодисциплина од учениците отколку традиционалниот тип на едукација, што го објаснува поголемиот број на ученици кои се откажуваат од e-учењето  во споредба со конвенционалното  учење. Учењето е претежно социо-когнитивна активност. 

Не секој ученик ќе го смета електронското учење соодветно на неговиот стил на учење. На некои ќе им биде здодевно или застрашувачки да работат со компјутер, други сметаат  дека ваквиот начин на учење е интересен и ефективен, но сепак го преферираат традиционалното учење, поради реалното искуство и дружење во училиштето .
Двата вида учење имаат свои предности и свои недостатоци.



недеља, 25. новембар 2018.

Што претставува е еTwinning?



еTwinning е дел од  Програмата за доживотно учење.
    Интернет платформата на оваа програмска рамка како дел од Comenius дава можности за виртуелни проекти со партнерства на повеќе училишта од повеќе земји, со искористување на предностите што ги дава Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во процесот на комуникација и колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можноста да создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното и средното образование.
    Задачата на еTwinning е поставување и развој на систем од мрежи помеѓу училиштата. Сите ученици од Европа, во рамките на своето основно и средно образование треба заедно со своите наставници да имаат можност за учество во образовни проекти со ученици и наставници од други европски земји. Ова искуство може да биде решавачко во поставувањето на европската димензија во образованието и формирање кај младите претстава и знаење за европскиот модел на јазична и културна разнообразност. еTwinning проектите служат и за професионален развој на наставниците и обучувачите преку користење на ИКТ.
    Оваа иницијатива ја поставува концепцијата на училишните партнерства на ново квалитативно ниво. Ја застапува идејата за соработка, којашто треба да опфаќа подолг временски период, да вклучува значаен број на наставници, директори на училишта и друг персонал, како и да создава односи и релации помеѓу во поширок спектар на дисциплини.
    еTwinning како платформа е лесна за употреба. Две училишта од различни земји формираат партнерство, за да работат заедно на општи проекти и да разменат идеи и искуство. Комуникацијата се спроведува преку Интернет и со користење на разнообразни ИКТ алатки без наметнување на потреба од физички контакт.
    еTwinning може да започне со партнерство помеѓу две одделенија и да прерасне во образовно партнерство што вклучува активности на повеќе нивоа; се опфаќаат различни образовни дисциплини и се развиваат професионалните способности и компетенции на наставниците што учествуваат во активностите.


Зошто еTwinning ?
    еTwinning го помага создавањето на партнерски мрежи помеѓу училиштата, воведува нови карактеристични методи на работа и им дава можност на младите во Европа да научат повеќе за културниот и социјалниот живот на другите во Европа, како и да ги подобрат своите јазични познавања. еTwinning претставува широк круг на можности за младите и за училишниот персонал за прифаќање на европското граѓанско самосознавање и културно богатство на Европа како ефикасно и забавно интерактивно доживување. Тоа е лесно достапен начин за испитување на нови образовни можности преку користење на ИКТ.
    еTwinning ги насочува наставниците кон градење на релации и врски помеѓу наставните програми и создава претпоставки за запознавање со различни образовни системи. Уште повеќе, еTwinning ги помага заедничката работа на наставници и усовршувањето на нивните наставни методи.
    Секоја година во различни земји на ЕУ се организираат Семинари за професионален развој. Целта на организирањето и учеството на соодветни настани е создавањето на контакти, кои треба да прераснат во соработка, како и разработувањето на идеи за проекти на конкретна тема, кои треба да бидат реализирани со активно користење на ИКТ.
    Учеството на погодни настани се финансира од NSS (National Support Service) т.е. НСП (Националниот сервис за поддршка) на матичната земја на учесникот на настанот. Конкретната селекција на наставници и училишен персонал, кои треба да бидат финансирани се извршува од НСП според усвоени критериуми. Многу често финансирање на соодветен настан претставува еден вид на награда за одреден наставник, кој што се освоил некој еTwinning конкурс, или за посебен придонес во развојот и популаризирањето на еTwinning.

Како во еTwinning ?
    еTwinning можe да вклучи и соработка на определен проект или пообемен проект што го опфаќа целото училиште. Неопходните услови за опстанувањето на таков проект вклучуваат обезбедувањето на партнер училиште, на идеи, и на општа ангажираност за остварувањето на зацртаните цели.
    еTwinning се заснова на партнерски договор, со кој претставниците на училиштата изразуваат желба за започнувањето на соработката. Тој договор ги прецизира задачите и активностите, кои што се реализираат во рамките на партнерството. При исполнувањето на договорот партнерите се стремат кон развој на определени педагошки методи на взаемно дејство во согласност со националната наставна програма и плановите за училишен развој, ефикасно искористувајќи ја ИКТ.
    еTwinning партнерствата се регистрираат на европскиот Интернет портал еTwinning (www.etwinning.net). Интернет порталот еTwinning презентира виртуелни инструменти и алатки за наоѓање на партнери (пребарувачот „TwinFinder“) и содржи упатства и идеи за остварувањето на партнерски инцијативи и активности. Откако учесниците ќе се регистрираат за партнерството, тие добиваат пристап до широк спектар на материјали за поддршка и алатки.

Поддршка
    Поддршката на еTwinning се состои од широка мрежа на агенции. На национално ниво дејноста се администрира од Национален сервис за поддршка (НСП), кој што е во непрекинат контакт со Централниот сервис за поддршка (ЦСП) во Брисел. Во Република Македонија, НСП е претставен со Одделението за еTwinning при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во сите национални структури за еTwinning во Европа, постоја обучени специјалисти, кои ги консултираат и помагаат заинтересираните училишта, наставници и ученици да се вклучат во дејноста.
    Интернет порталот еTwinning (www.etwinning.net) е повеќејазична платформа за еTwinning активностите. Порталот презентира новости и информација за развојот на еTwinning во Европа, содржи електронски формулар за регистрација и обезбедува пристап до различни виртуелни алатки како што е на пример пребарувачот за партнери „TwinFinder“ и личната Интернет околина „TwinSpace“.
    Националните Интернет страници ги одразуваат спецификите на одделни земји во однос на еTwinning  и прикажуваат сопствени виртуелни алатки за поддршка на училиштата. На националните страници може да се најде информација за наредните информативни настани, конкурси и натпревари, организирани како од НСП, така и ЦСП.
    Во ЦСП работи повеќејазична група на специјалисти што вклучува искусни наставници од повеќе европски земји. ЦСП функционира во тесна врска со колегите од сите европски НСП.

Награди
    Наградата еTwinning-знак има клучна улога во активностите на наградување. Овој знак е официјално признание за успешна меѓународна соработка и квалитетно исполнување на активностите. Процесот на наградување оди во неколку насоки:
Автоматски по започнувањето на соработката училиштата добиваат официјален сертификат еTwinning-знак, кој што е потврда за нивното учество во еTwinning.
Знак за квалитет може да биде врачен на училишта чија соработка одговора на критериуми како што се ефективно користење на ИКТ, учество на целото училиште и придонес кон извршените активности за размена на добри педагошки практики помеѓу училиштата. Знакот за квалитет се добива со кандидатура кон НСП. Ако две училишта што работат на заеднички проект ги добијат соодветните националните знаци за квалитет во матичните земји, тогаш  по автоматизам училиштето добива Европски знак за квалитет.
Друга насока за одбележување на учеството на наставниците во еTwinning е драчувањето на годишна Европска награда еTwinning, која што се доделува на најуспешните партнерства во Европа, поделени во повеќе категории. Наградата се доделува на официјална церемонија, заедничка за цела Европа.