ГОДИШЕН ТЕСТ ЗА 8 –
ДЕВЕТОЛЕТКА
Прашања и задачи:
1. Како
се изразува мерната единица 1W? _______ .
2. Најситна
честица на супстанцијата која ги има нејзините својства се вика ________ .
3. Нормалната
температура на човечкото тело е 37 °С. Колкава е оваа температура изразена во К
(келвини ) ____ .
4. Колкава
е гравитациско потенцијалната енергија на топка со маса од 5 g кога се наоѓа на
висина од 10 m? ____.
5. Мерка
за инертност на едно тело e _____ .
6. Во
хидрауличната турбина за време од 1s паѓа 4 m3 вода од висина 25 m. Густината на
водата е 1000 kg/m3. Колкава е моќноста на водниот ток? (g=9,81 m/s2) _______ .
7. Моќноста
може да ја претставиме и како производ на две физички величини ______ .
8. Изрази
во литри 0,5m3 ________________________ .
9. Линијата
што ги поврзува сите точки низ кои минува телото при движењето се вика _____ .
10. Ако две спајалици имаат маса од 1
грам, колку спајалици има во пакување од 1 килограм?___ .
11. Ако телото се движи со брзина од 18 km/h, тогаш колкава е неговата
брзина изразена воm/s? ___ .
12. Одредено количество течност претураме од
помала во поголема мензура. Што ќе се промени кај течноста? ____ .
13. Ако вложената работа е 10 J, а се добила
работа од 7 J, тогаш коефициентот на полезно дејство е _____ .
14. Во затворени гасови и течности дејството
на надворешниот притисок се пренесува ______ .
15. Причина за промена на брзината на некое
тело по големина и насока, е ______ .
16.Од два другари кои извршуваат иста
работа, поголема моќност има оној кој работата ќе ја изврш ______ .
17.Тежиштето на тело представува нападна
точка на _______ .
18.Тело А се движи со брзина 36 km/h, а
друго тело Б со брзина од 10 m/s. Спореди ги брзините на двете тела. ______
.
19. Каде е најтопло во загреана просторија? ____ .
20. Зошто бетонот и железото може да се леат
заедно и да се добива армиран бетон? _____ .
21. Израз за забрзување кај рамномерното
забрзано движење е a = Δv/Δt. Што представува ознаката Δv _____ .
22.Телото во однос на кои го разгледуваме
движењето на други тела се вика
_______ .
23. При слободно паѓање, забрзувањето за
сите тела е ________ .
24. При фрлање на топка во воздух, качувајќи
се вертикално нагоре ѝ се зголемува _____ .
25. Според видот на траекторијата, движењата
можат да бидат _______ .