АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

четвртак, 6. децембар 2012.

Магнетни појави


Повторување од магнетно поле до генератори


Прашања и задачи:

1. Како взаемно си дејствуваат магнетните полови:

а) истоимени ..........

б) разноимени .........


2. Какви сили дејствуваат кај:

а) разноимените магнетни полови ...........

б) истоимените магнетни полови .............


3. Зошто магнетната игла секогаш се поставува во правец север – југ?


4. Каде се наоѓа северниот, а каде јужниот магнетен пол на Земјата?


5. Како се определува насоката на струјата низ праволиниски проводник?


6. Како се определуваат магнетните полови кај кружен проводник?


7. Во кој дел од соленоидот е најголема јачината на магнетното поле?


8. Од што зависи јачината на магнетното поле на соленоидот?


9. Како треба да се примени правилото на левата рака за определување на насоката на Амперовата сила?


10. Како се определува отклонот на проводникот низ кој тече електрична струја кога ќе се најде во магнетно поле? Објасни!


11. Што е електромагнетна индукција?


12. Како се определува насоката на индуцираната струја?


13. Наведи во кои случаи се индуцира струја?


14. Искажи го Ленцовото правило.


15. Колку пати во три периоди, индуцираниот напон има вредност нула?


16. Каква вредност има индуцираната струја во моментот ¾ од периодот?


17. Колкав е напонот меѓу две фази?


18. Колкав е напонот меѓу било која фаза и нултиот проводник?


19. Намагнетизирана челична прачка и железна ненамагнетизирана прачка наполно се еднакви по својот надворешен изглед. Како ќе се определи која од прачките е магнет без да се користат други средства освен тие две прачки?
20. На јужниот пол од магнетна прачка висат два клинци. Зошто се одбиваат нивните слободни краишта?
21. На спротивни полови на две еднакви магнетни прачки виси по еден клинец. Откако двата магнетни пола се допрат, клинците паѓаат. Зошто?
22. Означи ги магнетните полови!


23. Означи ги насоките на силовите линии.
24. Кој пол од магнетната игла ќе се одбива од десниот крај на соленоидот?
25. Дали се одбиваат или се привлекуваат соленоидите на сликава?
26. Определи ја насоката на индуцираната струја.


27. Во која насока ќе се придвижи проводникот А?
29. Проводникот со струја се придвижува во насока покажана со стрелка. Определи ги половите на магнетите
29. Проводникот со струја се придвижува во насока покажана со стрелка. Определи ги половите на магнетите
28. Како ќе се заврти рамката?
30. Определи ја насоката на индуцираната струја во проводникот кој се движи во магнетно поле.
31. Определи ги магнетните полови на потковичест магнет ако при движење на проводникот во насока покажана со стрелка се индуцира струја во означената насока.
32. Која е насоката на индуцираната струја во правоаголна рамка која меѓу половите на еден магнет се врти во насока покажана на слоката.
33. На сликава се претставени четири положби на правоаголна рамка од проводник што таа ги завзема во секоја четвртина од едно завртување при рамномерно вртење меѓу магнетните полови. Во кои положби јачината на индуцираната струја во рамката што се врти има:

а) најголема вредност,

б) најмала вредност? 

1 коментар: