АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

понедељак, 21. април 2014.

Училишен натпревар по физика ООУ “Димитар Миладинов” Општина Центар - Скопје



ООУ Димитар Миладинов Општина Центар - Скопје

Училишен натпревар по физика за 8/8

2013/2014

Задачи:

1.    Колку ќе платиш за потрошената електрична енергија месечно ако секој ден вклучуваш 3 светилки од пo 60W по 4 часа, шпорет со моќност 2kW – 2 часа и радио со моќност 40W – 3 часа. Ако цена на еден  kWh енергија изнесува 20 денари?


2.   Определи го вкупниот отпор на отпорниците ако тие се врзани во електричен струен круг во точките А и Б.   Колку изнесува јачината на електричната струјата во неразгранетиот дел помеѓу точките А и Б,ако напонот изнесува 220 V.


R1 = 5Ω

R2 = 3Ω

R3 = 24Ω

R4 = 10Ω

R5 = 4Ω

 

3.           Базен долг 25 m, широк 4250 mm, кога е целосно полн собира 318750000 cm3 вода. Колку е длабок базенот? Колку изнесува масата на водата во базенот? 



Комисија:

1. Аида Петровска   -------------------

2. Катица Митовска Христовска  -----------------

3. Бети Стојоска Стојановска -------------------



Директор Маја Ангелова  -------------------






ООУ Димитар Миладинов Општина Центар - Скопје

Училишен натпревар по физика за 8/9

10 април 2014

Комисија:

4. Аида Петровска ------------------

5. Катица Митовска Христовска ------------------

6. Бети Стојоска Стојановска ---------------------

Директор Маја Ангелова ------------------------
 

Задачи:

1.     На подлогата стои стаклена чаша. Колкава е масата на чашата ако допирната површина и е 27 cm2  а притисокот што го врши на подлогата е 908 паскали.


2.     Коцка со раб од 1 dm се движи на лента со брзина од 4 m/s. Колкава и е кинетичката енергија ако густината на железото е 7800 kg/m3 ?


3.     Определи ја полезната моќност на хидроцентрала ако при висинската разлика од 15 метри низ нејзините турбини во секоја минута протекува 6000 m3 вода. Коефициентот на полезното дејство на централата е 90 %.


4.     Најди ја брзината на автомобилот пред да кочи, ако застане по 10 секунди од почеток на кочењето, а забрзубањето (односно успорувањето) му е 2,5 m/s2 . Пресметај го и патот којшто автомобилот го поминал до застанувањето.

Нема коментара:

Постави коментар