Нумерички
задачи:
1. Светлински зрак паѓа нормално на рамно огледало. Колкав ќе биде аголот меѓу одбиениот и упадниот зрак, ако огледалото се заврти за 30º?
2. Сончевите зраци паѓаат под агол од 60º. Под кој агол треба да се постави рамно огледало за да зраците се одбиваат вертикално?
3. Пред рамно огледало на растојание од 25 cm е поставен предмет. За колку ќе се зголеми растојанието меѓу предметот и неговиот лик, ако предметот се оддалечи од огледалото за 15 cm?
4. Пред сферно вдлабнато огледало на растојание 0,8 m е поставена запалена свеќа. На кое растојание од огледалото ќе се добие нејзиниот лик, ако радиусот на огледалото е 0,6 m?
5. На растојание од 80 cm од темето на сферно вдлабнато огледало се наоѓа светол предмет. Неговиот лик е 4 пати помал од предметот. Најди го растојанието на ликот и фокусното растојание на огледалото.
6. Предмет висок 4 cm поставен е на растојание 12 cm од темето на сферно вдлабнато огледало со радиус на кривината од 18 cm. Определи ја положбата и големината на ликот.
7. Колку време треба да патува светлината од Сонцето до Земјата, ако растојанието меѓу нив е приближно 1000000000 km?
8. На кое растојание од Сонцето се наоѓа "планетата" Плутон, ако светлината го минува тоа растојание за 5,5 часа?
9. Пред двојно испакната леќа на растојание 45 cm е поставен предмет. Неговиот лик се добива на растојание 15 cm. Колкаво е фокусното растојание на леќата?
10. На кое растојание од собирна леќа со фокусно растојание 10 cm треба да се постави предмет, за да биде неговиот лик 2 пати поголем од предметот?
11. Определи ја оптичката јачина на собирна леќа со фокусно растојание 20 cm.
12. Оптичка јачина на леќа е + 4 диоптри. Колкаво е нејзиното фокусно растојание? За каква леќа станува збор?

Нема коментара:
Постави коментар