АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

среда, 9. септембар 2015.

Scientix


Математика, хемија, физика, биологија  сеуште се дел од предметите кои најчесто им создаваат главоболка и одбивност на учениците, а дополнително се намалува и бројот на ученици кои овие предмети ги избираат за полагање на државна матура или понатамошно студирање на факултет. И во Европа се намалува интересот меѓу учениците да природните науки бидат нивниот иден професионален избор. Целта  на Scientix е да биде место за наставниците од цела Европа на кое ќе се развива соработката, размената на идеи, освојување на современи методи во образовниот процес, надградување на професионалните знаења и предавања со современи техники и вештини за да се доближат природните науки до учениците. 
Scientix е проект инициран од Европската комисија за истражување и иновации и е под FP7 програмата за истражување и технолошки развој.Со Scientix менаџира EUN (European Schoolnet Academy;www.eun.org) формирана 1997 година со седиште во Брисел,Белгија. EUN е мрежа од 31 Министерствo за образование во Европа и претставува една од клучните организации за иновации во наставата и учењето кои силно ја подржуваат европската соработка помеѓу училиштата и наставниците.
Scientix дава пристап до наставни материјали, резултати од истражувања и документи од различни европски проекти за образование и наука финансирани од Европската комисија и разни национални иницијативи.
Оваа платформа овозможува редовно ширење и размена на информации и најдобри пракси во образованието ширум Европа. 
Во овој проект можат да учествуваат наставници од основно и средно образование кои предаваат биологија, хемија, физика информатика, географија, математика, инженерство и технологија и истражувачи. На онлајн  порталот (www.scientix.eu) корисниците се регистрираат со свое корисничко име и лозинка. Потоа преку  главните мениа имаат можност да пребаруваат низ порталот и да искористат најразлични едукативни материјали.Ова е проект-платформа, во која се сублимирани голем број на европски проекти. Проектите се пребаруваат според земја носител, земји учеснички, теми на интерес и сл. Освен вклучување во европски проекти овозможува нашите наставници подеднакво како и европските, да се стекнат со (само)едукација преку учество во курсеви за професионален развој, учество во онлајн обуки, вебинари, конференции, работилници и натпревари, превземање ресурси за ИКТ и дигитална технологија во училница, делење на извори и ресурси на подучување, размена на техники,вештини и методи во наставата.
Новини: 
- превод на барање на ресурси и на македонски јазик
- редовни вебинари од еминентни наставници од цела Европа и можност за креирање на вебинари
- континуирани бесплатни сертифицирани курсеви овозможени од European Schoolnet Academy
- пишување и објавување на блогови
- Scientix 8-ма работилница за наставници во “училницата на иднината“ во Брисел

Филозофијата на Scientix платформата е: Барај, Најди, Вклучи се;

Логирајте се на страната на Scientix и  бидете дел од едно европско едукативно семејство со нови можности.




Силвана Ристевска
наставник по биологија и хемија
зам. амбасадор за Scientix во Македонија 
email: ristevskas@yahoo.com

Нема коментара:

Постави коментар