АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!

субота, 9. фебруар 2013.

РАМНОТЕЖА НА СИЛИ, ТРИЕЊЕ, ПРИТИСОК



Архимед од Сиракуза (287 - 212 год. п.н.е) бил старогрчки математичар,физичар и инженер. Иако малку се знае за неговиот живот, тој е еден од најпочитуваните водечки научници во класичната антика. Покрај откритијата од областа на математиката и геометријата, тој е познат и по дизајнирањето на иновативни машини. Ги поставил и темелите на хидростатиката и го поставил принципот на лост, средство брз кое механиката се базира
Архимед забележал "Дајте ми место на кое можам да застанам и јас ќе ја поместам Земјата" - Гравура од списанието Mechanics Magazine, објавено во Лондон, 1824 година


ОБИДИ СЕ ДА ОДГОВОРИШ:

1. Може ли тежиштето на телото да се наоѓа надвор од материјалот од кој е изградено телото? Наведи примери!

2. Во каква рамнотежна положба е телото закачено во тежиштето?

3. Во каква рамнотежна положба е елисата на вентилаторот?

4. Дали се крева или се спушта тежиштето на телото кога тоа преминува од лабилна во стабилна рамнотежна положба?

5. Зошто столните ламби и лабораториските стативи имаат широки основи на кои стоат?

6. Зошто човекот што носи тежок товар на грбот се поднаведнува нанапред?

7. Две коцки со еднаков волумен се направени од различен материјал. Едната од дрво, а другата од олово. Која од нив постабилно ќе стои на подлогата?

8. Кога човекот е постабилен, кога седи или кога лежи?

9. Зошто двокатните автобуси имаат олово во шасијата?

10. Кога носиме кофа со вода во едната рака се наведнуваме на спротивната страна. Зошто?

11. Два камиони, еден натоварен со тули, а другиот со сено, се со исти маси. Кој од камионите е постабилен?

12. Како се движи телото, кога влечната сила  ја урамнотежува силата на триењето?

13. Објасни зошто треба да се покрие со песок оној дел од патот на кој е истурено масло?

14. На дрвена штица, поткрената од едната страна поставуваме прво дрвен паралелопипед, а потоа дрвен цилиндар со иста маса. Дрвениот цилиндар бргу ќе се тркала по штицата, а паралелопипедот при истите услови останува неподвижен. Зошто?

15. Зошто железничките шини се поставуваат на широки дрвени греди (прагови)?

16. Може ли едно исто тело, со својата тежина да предизвика различни притисоци? Наведи примери!

17. Кога ќе почувствувате посилна болка: Кога ќе ве нагази маж со чевел или жена со штикла, иако тежината и на двајцата им е иста?

18. Зошто го остриме алатот за сечење?

19. Садот е наполнет со вода и затворен со две затки. Кога ќе удриме по едната затка, другата излетува. Оваа не се случува кога во садот се наоѓа воздух. Зошто?

20. Два сада имаат дно со исти површини. Во еден сад висината на течниот столб е поголема. За колку ќе се разликуваат притисоците на дното од садовите ако се работи за иста течност.

21. Зошто каменот е полесен во водата отколку во воздухот?

22. Тешкиот брод плива, а лесната шајка тоне во вода. Како го објаснуваш тоа?

23. Како се менува длабочината на потонување на бродот кога од  река влегува во море?

24. Каква е улогата на рибиниот меур?

25. Како се објаснува качувањето на воздучниот  балон  на горе?

26. Ако две тела со иста тежина, а различен волумен ги урамнотежиме, а потоа ги ставиме под стаклено ѕвоно и го извлечеме воздухот, ќе дојде до отклонување на страна на тело со поголем волумен. Зошто?

27. Зошто тркалата на тракторот и другите земјоделски машини имаат широки гуми?

28. Ако во една дрвена кутија , направена од тенки штици, затворена  од сите страни и потполно исполнета со вода, се испука куршум, таа ќе се распадне на парчиња на сите страни. Зошто?

29. Во ненаполнета чаша со вода ставаме прст од раката. Ќе се промени  ли хидростатичкиот притисок  на дното од чашата?

30. На површината на водата во еден сад плва парче мраз. Дали ќе се промени нивото на водата во садот кога ќе се стопи мразот?

31. На  површината на водата во еден сад  плива празна  чаша. Дали ќе се промени нивото на водата во садот ако чашата пропадне во водата?

32. Зошто тешко се пие од шише, кога отворот на шишето е цврсто прилепен до усните?

33. Зошто на човек  качен на голема висина може да му потече крв од носот?

34. Зошто воените пилоти што летаат на големи височини носат скафандери?

35. Зошто просторот во кој се сместени патниците и екипажот на авионите што летаат на големе висина мора да биде херметички затворен?

36. Зошто ѕидовите на внатрешните органи на рибите што живеат во големите морски длабочини, кога ќе се извадат на површината, пукаат?

37. По кое основно својство се разликуваат гасовите од течностите?

38. Надуен детски гумен балон може да се сплеска со раце. Кое својство на гасот во балонот при тоа доаѓа до израз?

39. Која е причина што гасот во балонот со кревање во висина го зголемува својот волумен?

40. Објасни на кој принцип правосмукалката го смука правот и другите ситни предмети од местото што го чистиме?

41. Објасни зошто вакум закачалките се залепуваат на стакло или на друга мазна површина кога ќе ги притиснеме?

42. Дали се менува густината на гасот, ако се менува неговиот волумен?

43. Објасни на кој принцип работи пипета.

44. Објасни на кој принцип работи шприцот за инекции.

45. Зошто клинецот на крајот со кој влегува е изострен, а на крајот на кој се удира има глава?
46. Во сад со вода се ставени три тела кои имаат еднакви волумени, а различни тежини: а) Кое од телата има најголеме тежина? б) На кое од телата дејствува најголем притисок?  в) На кое од телата треба да се дејствува со најголема сила па тоа да се потопи во водата?

1 коментар:

  1. Анониман8. јун 2020. 00:57

    Здравствуйте, все, я - Адрик Вадим, живущий в городе Курган, я хочу поделиться со всеми вами здесь о том, как мистер Бенджамин помог мне ссудой в размере 15 000 000,00 рублей, чтобы начать доставку продуктов питания после того, как у меня есть работа в Несколько отелей здесь, в Кургане, просто для того, чтобы зарабатывать на жизнь, но, к сожалению, у меня все еще были трудности с оплатой аренды, но я сейчас благодарю Бога, что теперь я работаю на себя, и 5 работников работают на моем попечении. Просто если вы ищете финансовую свободу, я посоветую вам связаться с мистером Бенджамином, указав ниже это электронное письмо и номер приложения. lfdsloans@outlook.com + 1-989-394-3740

    ОдговориИзбриши