- Објасни ја намената на напрстокот. Од која сила тој го штити прстот при шиењето?
- Што се случува со автомобилот кога нагло застанува (сопира)?
- Кога пекар става леб во фурна, тој го внесува со долга штица, која потоа нагло ја повлекува наназад. Притоа лебот останува на истото место. Објасни зошто.
- Зошто вселенските бродови можат да се движат низ безвоздушен простор?
- Зошто вселенските бродови се движат во поголем дел од патот без потрошувачка на гориво?
- Објасни го движењето на речниот или морскиот брод.
- Зошто при слободно паѓање телата со разни маси имаат еднакви забрзувања?
- Како го објаснуваме одскокот на атлетичарот од штицата?
- Зошто возачот на автомобилот ја намалува брзината кога влегува во свиоци?
- Како се објаснува надворешната форма на Земјата?
- Дали при иста брзина, опасноста во свиоците е иста за празно и натоварено возило?
- Зошто опасноста од превртување е поголема на остар отколку на тап свиок?
- Зошто во зима улиците ги посипуваме со песок и пепел?
- При преместување на тешки предмети, тие никогаш не се влечат по подлога, току под нив се поставуваат железни цевки или дрвени цилиндри. Што со тоа постигнуваме?
- Зошто се прават жлебови на автомобилските гуми и ѓоновите од кондури?
- Зошто сопирачките на автомобилот се загреваат при сопирање?
- Тело пуштено од
некоја височина, паѓа кон Земјата.
Дали е тоа потврда дека на телото дејствува сила? Зошто? - Падобранец се спушта рамномерно. Дали тоа значи дека на падобранецот не дејствува сила или дека дејствуваат повеќе сили што се во рамнотежа?
- Која сила го предизвикува паѓањето на градот што се образува во облаците?
- Од што е предизвикано течењето на водите во потоците и реките?
- Зошто е потешко, да се качуваме по скалите на зграда одошто да одиме по ходник?
- Дали тежината дејствува на космонаутот?
- Кога не би постоела тежата на Земјата, што би се случило со нејзината атмосфера? Зошто?
- Која е силата што го држи космичкиот брод во орбита околу Земјата?
- Фудбалска топка кога мирува и кога е во лет е привлекувана од Земјата кон нејзиниот центар. Топката од своја страна ја привлекува Земјата со исто толку голема сила. Дали е точно тврдењето?
- Познато е дека меѓу кои било две тела дејствуваат гравитациони сили, коишто се толку поголеми, колку што се поголеми масите на телата што си заемнодејствуваат. Зошто лустерот што еобесен на еластичен шнир не си ја менува положбата кога во собата се внесуваат предмети со многу голема маса, како на пример електрична печка?
- Во четивото “Тешка задача” е запишано: “Се искачував по планинската патека како мравка. Колку повеќе се качував,толку повеќе ми тежеше товарот.” Објасни, дали тоа чувство има врска со промена на тежината на товарот што го носело детето.
- Може ли тежиштето на телото да се наоѓа надвор од него?
- Во каква рамнотежа е телото закачено во тежиштето?
- Во каква рамнотежна положба е елисата од вентилаторот?
- Дали се подига или се спушта тежиштето на телото кога тоа преминува од лаболна во стабилна рамнотежна положба?
- Зошто столните ламби и лабораториските стативи имаат широки основи на кои стојат?
- Зошто човекот што носи тежок товар на грбот се наведнува напред?
- Две коцки се направени со еднаков волумен, едната од олово, а другата од дрво. Која од нив ќе лежи постабилно на подлога?
- Кога човекот е постабилен, кога седи или кога лежи?
- Двокатните автобуси имаат олово во шасијата. Зошто?
- Дали секогаш тежиштето на телото е во материјалот од кој е изградено телото? Одговорот поткрепи го со примери.
- Зошто човек што носи кофа со вода во едната рака са наклонува малку на другата страна?
- Човек седи на стол. Дали може да стане од столот без да се наклони напред? Зошто?
- Два камиони, едниот натоварен со тули, а другиот со сено и се со еднакви маси. Кој од камионите е постабилен?
АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!
недеља, 12. јануар 2014.
ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 2
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Нема коментара:
Постави коментар