- Во која насока дејствува силата на триење, кога паралелопипедот се движи по масата?
- Како се движи тело, кога влечната сила ја урамнотежува силата на триењето?
- Зошто тркалата на натоварен камиот шлајфуваат помалку на лизгав пат, отколку кога тој е празен?
- Влечната сила и силата на триењето дејствуваат по иста права во спротивни насоки. Колкава е резултантата на овие две сили, ако телото се движи рамномерно?
- Објасни зошто треба да се покрие со песок оној дел од патот на кој е истурено масло? Што би се случило ако маслото на патот не се покрие со песок?
- На дрвена штица поткрената од едната страна поставуваме прво дрвен паралелопипед, а потоа дрвен цилиндар со иста маса. Дрвениот цилиндар брзо ќе сетркала по штицата, а паралелопипедот при истите услови останува неподвижен. Зошто?
- Ако силата на триењето и влечната сила се урамнотежени, дали телото може да се наоѓа во движење?
- Зошто железничките шини се поставуваат на широки, дрвени греди (прагови)?
- Може ли едно тело со својата тежина да предизвика различни притисоци? Наведи примери.
- Кога ќе почувствуваме поголема болка. Кога ќе не нагази човек со кондура или со штикла иако тежината и на двајцата им е иста?
- Зошто го остриме алатот за сечење?
- Садот е наполнет со вода и затворен со две затки. Кога ќе удриме по едната затка, другата излетува. Оваа не се случува кога во садот се наоѓа воздух. Зошто?
- Зошто од пиштолот, на голема длабочина не можеме да утепаме риба?
- Два сада имаат дна со исти површини. Во едниот сад висината на течниот столб е поголема. За колку ке се разликуваат притисоците на дното од садовите, ако се работи за иста течност?
- Зошто каменот во вода е полесен отколку на воздухот?
- Во вода се наоѓаат две топки, едната од железо, а другата од олово со иста тежина. На која од топките дејствува поголема сила на потисокот и зошто?
- Тешкиот брод плива, а лесната шајка тоне. Како го објаснуваш тоа?
- Како се менува длабочината на нуркање на бродот кога од река влегува во море?
- Каква е улогата на рибиниот меур?
- Како се објаснува качувањето на воздушниот балон на горе?
- Ако две тела се со иста тежина а различен волумен ги урамнотежиме а потоа ги ставиме под стаклено ѕвоно и го извлечеме воздухот ќе дојде до отклонување на страна на тело со поголем волумен. Зошто?
- Како треба да се постави тула за да врши: а) најголем б) најмал притисок врз подлогата?
- Зошто тркалата на тракторот и другите земјоделски машини имаат широки гуми?
- Трактор со гасеници предизвикува врз подлогата притисок еднаков на притисокот што го предизвикува човек кога стои на нозе. Кога тракторот ќе помине со гасениците преку тула, ќе ја искрши, додека човекот ако застане на тулата, таа не се крши. Зошто?
- Силата со која телото притиска врз хоризонтална подлога под дејство на сила на тежа, се вика негова тежина. Тулата е ставена на подлогата еднаш на пошироката, а другпат на потесната страна. Дали тежината на тулата ќе биде во двата случаи иста?
- Ако во една дрвена кутија направена од тенки штици, затворена од сите страни и потполно исполнета со вода, се испука куршум, таа ќе се разлета на парчиња на сите страни. Зошто?
- Ако водата од чаша се прелее во поширока чаша или во поширок сад, дали ќе се промени хидростатичкиот притисок што го врши водата на дното од садот?
- Како се спречуваат смрдливите гасови од канализацијата да не влезат во канализационите цевки и во мијалникот?
- Чаша не е
наполнета до горе со вода.
Ќе се промени ли хидростатичкиот притисок на дното од садот
ако во водата го потопиме прстот од раката? - Зошто во вода се
чувствуваме полесно од што надвор од неа?
Со каков напор можеме да се отфрлиме од дното кога сме во вода во споредба со случајот кога сме надвор од неа? - Водните растенија имаат тенки стебла. Ако искорнеме едно растение од водата и го исправиме на брегот, ќе остане ли тоа исправено нагоре?
- Каменот пропаѓа во водата, а дрвото кое има еднаков волумен со каменот не пропаѓа. Дали тоа значи дека на дрвото дејствува поголем потисок? Објасни.
- Ќе потоне ли оловото во жива или мраз во алкохол?
- Епрувета во која
се ставени малку сачми за да плива вертикално е потопена едно под друго во
три садови со различни течности.
Во која течност епруветата ќе пропадне најмногу, а во која најмалку? - Поради што, кога ќе ставиме во чаша сода или друг пенлив пијалок, создадените меурчиња се качуваат кон површината на течноста?
- Објасни зошто кајчето, кога е празно помалку пропаѓа во водата од што кога е натоварено.
- На површината на
водата пливаат две тела од по 100 cm3 , едното од плута,
другото од дрво. Кое парче повеќе пропаѓа во водата?
Зошто е тоа така? - Зошто празна конзерва плива по површината на водата додека наполнета со вода – пропаѓа?
- На површината на водата во еден сад плива парче мраз. Дали ќе се промени нивото на водата во садот, кога ќе се стопи парчето мраз?
- На површината на водата во еден сад плива празна чаша. Дали ќе се промени нивото на водата во садот ако чашата пропадне во водата?
АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!
недеља, 12. јануар 2014.
ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 3
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Нема коментара:
Постави коментар