- Зошто ако ставиме на усните зелен лист од некое дрво или цвеќе и нагло го вдишиме воздухот листот ќе се испокине?
- Зошто гумените црева преку кои се извлекува воздухот од некој простор се прават со дебели ѕидови?
- Зошто тешко се одлепуваат од стаклото на прозорецот фатените парчиња мраз и како започнува нивното растопување?
- Зошто тешко се пие од шише, кога отворот е цврсто прилепен за усните?
- За да истече мирисот низ тесниот отвор на шишето треба да се затресе. Зошто?
- Поради што со одењето во височина, атмосферскиот притисок се намалува?
- Зошто на човек качен на голема височина може да му потече крв од нос?
- Зошто воените пилоти што летаат на голема височина, носат скафандери?
- Зошто просторот во кој се сместени патниците и екипажот во авионите што летаат на голема височина мора да биде херметички затворен?
- Зошто ѕидовите на внатрешните органи на рибите што живеат на големите морски длабочини кога ќе се извадат на површината пукаат?
- По кое основно својство се разликуваат гасовите од течностите?
- Надуен гумен балон може да се сплеска со раце. Кое својство на гасот во балонот при тоа доаѓа до израз?
- Кога ќе биде поголем притисокот во гумите на тркалата од велосипедот – Кога се возиш на него или кога го туркаш?
- Дали подеднакво ќе се промени притисокот на воздухот на воздухот во надуен гумен душек ако човек застане на него или ако легне на душекот?
- Која е причината што гасот во балонот со качување во височина го зголемува својот волумен?
- Ако отворот низ
кој е наполнето буре со вино добро се затвори
и се пушти вино низ затката ќе се забележи по извесно време дека од затката ќе престане да тече вино и покрај тоа што во бурето има вино. Зошто? - Објасни на кој принцип работат машините за молзење млеко?
- Објасни на кој принцип правосмукалката го смука правот и другите ситни предмети од местото што го чистиме.
- Објасни поради што вакум – закачалките се залепуваат на стакло или на друга мазна површина кога ќе ги притиснеме.
- Дали се менува густината на гасот ако се менува неговиот волумен?
- Определено количество кислород во челични шишиња за оксигено заварување е збиен под висок притисок. Дали при тоа се менуваат масата, тежината и густината на кислородот?
- Објасни на кој принцип работи права пипета.
- Објасни на кој принцип работи шприцот за инекции.
- Зошто хартиените отпадоци се поткреваат кога преку нив помине автомобил со голема брзина?
- Кога дуваме низ отвор на калем од конец а од другата страна бавно доближуваме лист од хартија, тој се налепува на калемот. Зошто?
- Зошто клинецот на крајот со кој влегува е изострен, а на крајот на кој се удира има проширување (глава)?
- Зошто тракторот има пошироки гуми од патничкото возило?
- На што се должи разликата при пренесување притисок кај цврстите, течните и гасовитите тела?
- Зошто завртката полесно ја одвртуваме со клуч отколку со раката?
- Кога со ножици за сечење метал сечеме подебела жица ја местиме поблиску до оската на ножиците. Зошто?
- Зошто полесно се крши подолга прачка отколку покуса?
- Кога триењето е штетно, а кога полезно?
- При зачукување на шајка, обично малку ја навлажнуваме. Зошто?
- Наведи неколку примери од секојдневието во кои се исполува инерција.
- Надуван детски балон, чиј отвор сме го стиснале со прстите а потоа сме го пуштиле ќе се придвижи. Како ја објаснуваш оваа појава?
- Како можеме да го застанеме телото што се движи а како можеме да му ја зголемиме брзината?
- Што се случува со автомобилот кога наеднаш ќе го сопреме?
- Како зависи забрзувањето на едно тело од големината на силата што дејствува на него? Објасни.
- Зошто широките ремени на ранецот помалку пропаѓаат во рамињата на човекот од што ако тие се заменат со тенки јажиња?
- Зошто темелите на зградите се прават широки?
- По асфалтните
патишта забрането е движењето на запрежни коли со дрвени тркала чија
периферија е опшиена со железни обрачи.
Овие коли треба да имаат автомобилски тркала со широки гуми. Зошто? - Зошто потешко се
излегува на брег од полесен чамец
отколку од тежок, кога тие се наоѓаат на исто растојание од брегот? - Зошто при стрелање со пушка, кундакот цврсто се држи до рамото?
АЈДЕ, СИТЕ НИЕ ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ ЕДРАТА СО КОИ СЕ СТИГНУВА НАЈДАЛЕКУ!
недеља, 12. јануар 2014.
ДВИЖЕЊЕ И СИЛИ 4
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Нема коментара:
Постави коментар